Се ближат претседателски избори. Листите на кандидатите, сега за сега, се долги. Но тоа не значи дека нема простор за уште еден. Ти!
Без грижа за подготвката. За тоа е тука „сам свој мајстор” табелата.
Одберете по еден ред од секоја колона, и… твојата политичка платформа е подготвена!
А | Б | В | Г |
Дами и господа | реализацијата на програмите кои ги усвоивме | нè води кон јакнење | на постоечките административни капацитети. |
Од друга страна | местото и улогата која ја има образованието | има своја важна улога за утврдување | на базата за идниот раст. |
Исто така | константниот пораст на квалитетот на нашата работа | води кон прецизирање и дефинирање | на системот на отворена партиципација. |
Сепак, да не заборавиме дека | сегашната организациска структура | помага во подготовката и изработката | на ставовите кои се утврдени со националните стратегии за нашите евроинтеграции. |
Секојдневната пракса покажува дека | новиот модел на интер-операбилност | ќе гарантира активно учество и разработка | на серија нови идеи и конструктивни предлози. |
На тој начин | нашата постојана грижа за информираноста | придонесува во голема мерка за поголема ефикасност | на едно ново реформирано образование. |
Не е потребно да се истакнуваат овие проблеми затоа што | јакнењето и ширењето на системот и структурите | ни овозможува подобра проценка | на системот на кадровски ангажман прилагоден на нашите потреби и цели. |
Богатото и разновидно искуство како и | проширувањето на различните видови активности | во голема мера ќе придонесе за развој | на акциските планови кои ги забрзуваат реформите. |
Грижата околу организацијата, а пред сè | консултацијата со пошироката јавност | е одлучен исчекор за развивање | на реформската рамка за евроинтеграциите. |
Највисоките национални приоритети како и | стартот на една решителна реформска кампања | започнува процес кој има за цел подобрување | на разните видови на позитивни чинители. |
*табелaта е инспирирана и адаптирана од српски Блиц