121 #ПрегледВоПеток – Аудио е новото видео

Едноставно не ми се веруваше дека поминале 5 недели откако го пишував послендиот преглед. Мислев дека колешките ме местат, ама не било така, па еве… на ред е да склопам повторно јас #ПрегледВоПеток

Spotify сака да ни препорачува песни на база на нашите чувства

За да не биде дека насловот горе е само провокација првата вест ќе биде посветена на Spotify. Имено, сервисот разгледува можности да ни овозможи сам да ни препорачува песни врз основа на нашите чувства. Тие патентирале нова технологија со помош на која може да го анализираат нашиот глас и преку него да откријат како се чувствуваме и соодветно на тоа да ни пуштат музика.

И ако собирањето податоци од другите сервиси не беше доволно еве уште еден нов сегмент:

”The patent suggests that speech recognition could be used to gather information about age and gender, while contextual cues such as “intonation, stress, [and] rhythm” would provide clues as to whether a user was “happy, angry, sad or neutral”.

Може и да е добро ова, ама зарем не се запаѓа вака во аудио верзија на познатата јутјуберски „зајачка дупка”? Кога Spotify ќе научи како да препознава како јас сакам да се чувствувам, не како се чувствувам, тогаш може и ќе имаме добра функционалност. Впрочем, нели музика слушаме и за да промениме расположени?

Дали е Clubhouse подобен за маркетинг?

Остануваме уште на тема, аудио. Не смееме да спомнеме аудио периодов без да го помнеме Clubhouse. Зачестува во прегледов, тоа е. Хит е. Овој пат споделуваме линк кој може да ве натера да почнете да размислувате дали токму овој сервис има потенцијал за вашите маркетинг активности. Не можам да зборувам од лична перспектива, не сум корисник, сега за сега. Одговорот на другите, е класичниот маркетиншки одговор: Зависи!

As noted, it really depends on your business, and what you’re looking to achieve. Right now, Clubhouse has shown significant potential for boosting users as thought leaders, and expanding audience within your niche.

Should Marketers be Considering the Potential of Rising Social App Clubhouse?

Fireside – next-gen платформа за поткасти

И уште ова на кратко за аудио и после нема веќе… Марк Кубан, познатиот инвеститор и сопственика на Далас Маверикс инвестира во нова апликација која е базирана на аудио, односно поткасти.

Апликацијата се вика Fireside, и ЌЕ биде стартувана наскоро. Да, не е уште пуштена ама веќе се дига галама околу неа. Демек ќе биде следната генерација на платфрма за поткасти каде директната монетизација ќе има важна улога.

Fireside, a “next-gen podcast platform” that facilitates live conversation, according to an email sent to possible creator partners seen by The Verge. The app idea is similar to the buzzy live audio startup Clubhouse, except with the ability to natively record conversations. A source close to Fireside says the app plans to launch publicly this year.

The Verge

Бонус линкови

Во останатите вести кои немаат врска со аудио а сепак сакаме да ги вклучиме во овој преглед:

  • Инстаграм ќе го ограничи досегот на објавите кои во себе содржат лого од TikTok, ги боли изгледа… Ова се однесува за содржините односно видеата кои се објавени во делот на Instagram Reels, или на нашки кажано ТикТокови на Инстаграм.
  • Google со помош на Ридли Скот и Кевин Мекдоналс и милиони минути видео на YouTube се обидува да ни раскаже како помина еден обичен ден во 2020: Life in a day 2020 и
  • Ласко Џуровски, легенда од дизајнер има многу добри работи да ни каже и научи во неговото интервју кое е објавено во првиот од серијата на разговори и презентации посветени на македонските дизајнери испродуцирани од страна на КСП Центар Јадро.
Marketoonist on Instagram

Поздрав..

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.