Никогаш доволно информации – читање 2.0

Веројaтно досега секој си го пронашол омилениот начин на хранење со нови содржини/информации на интернет или наречете го web 2.0. Можеби е тоа некој RSS читач (Bloglines, GoogleReader) или можеби некоја од стартните страни како Netvibes, Protopage или iGoogle или пак тоа е некој од т.н. SocialNews сајтови каде приајтелите/читателите помагаат во изборот (Кајмакот, Digg, Reddit).

Без разлика, што и да ви е влезено во секојдневната рутина еве неколку нови пределози (опции) на кои налетав последниве неколку дена:

1.

Аlltop – Станува збор за последниот проект на Guy Kawasaki каде на една единствена страна може да се следат голем број главни извори на информации поделени во повеќе категории (CELEBRITIES, EGOS, FASHION, GAMING, MAC, ODDITIES, POLITICS, SCIENCE, SPORTS) Убавото во овој сервис е што нема потреба да знаете да ракувате со ниедна нова кратенка (rss, fed, opml итн), едноставно само кликаш и читаш.

2.

Tiinker – Нешто како ове гореспмнативе social news ама не баш. Станува збор за social news срвис ама овојпат релевантноста на сториите не зависи од читатели туку од сложен алгоритам кој (дури и без да направите акаунт) после неколку посети знае да го препорача токму тоа што го бараш. Не сум се уверил лично во тоа колку е добар системов, ReadWriteWeb велат дека е надежен, ама времето ќе покаже.

3.

Третата препорака всушност треба секој да си ја пронајде сам. Станува збор за специјализирани пребарувачи (најчесто на база на Google) кои како база ги користат најпопуларните сајтови од темата која баш тебе те интересира. За пример ќе ги посочам локалниот MAK Blog Search, и Media Geeks, а понатуму може секој сам.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Никогаш доволно информации – читање 2.0

  1. Icko 12/02/2008 at 13:16

    Интересни се сите, ги разгледував пред некое време и се одлучив да го користам Netvibes… некако нај арен ми е 🙂

Comments are closed.