Дојче Веле Академија

(12.02.2007 Дојче Веле)

Ако се тече според планот на интендантот на Дојче Веле Ерик Бетерман тогаш наскоро студенти од странство ќе може да студираат Медиуми и комуникација во Бон. Понудата е наменета пред се’ за студентите од земјите во развој каде медиумите не се доволно развиени или има ограничувања во сферата на слободата на печатот „Овој проект сакаме заеднички да го оствариме со универзитетите или еден универзитет или факултет овдека во Северна Рајна Вестфалија. Преговараме со различни факултети и оптимисти сме, дека заедниички ќе успееме да формираме студиски правец. За нас е важно научното и практичното образование да формираат смисловна дидактичка комбинација.“

Преговорите сеуште течат. Тео Бланк не сакаше да наведе конкретни имиња на факултетите но сепак даде и некои конкретни информации: Студиите ќе траат четири семестри, а концептот вака треба да изгледа: половина од студиите, студентите ќе се изучуваат теорија како на пример економијата во медиумите, медиумите и развојната соработка или етиката во новинарството. Потоа еден семестар ќе следува практична работа во новинарството, а последниот семестар апсполвентите ќе ги полагаат испитите.

Technorati Tags: , , , , , , , , .

2 Comments Дојче Веле Академија

  1. ХулаХопа 14/02/2007 at 09:15

    интересна информ …

    глеана од пингвински аспект …

  2. shuttle bus 21/11/2012 at 05:04

    Q: Why can't the bankrupt cowboy complain? A: He has got no beef.

Comments are closed.