Face 2 Face – договорено

Малку ја завлековме, ама ја договоривме. Дебата, средба, муабет не е ни важно што е. Важно луѓе надовор од блог заедницата се зачешкаа на таа тема и се желни да ја дискутираат. Ја договоривме за во петок попладне, 18h во просториите на НВО Инфоцентар (таму е бесплатно и има добри услови). Сите детали ги пишав на блогот/сајтот на Центарот за нови медиуми, со цел да ја испромовирам малку новата интернет адреса која ја имаме: NEWMEDIA.ORG.MK.

За малкумината активисти на Центарот за нови медиуми оваа пролет ќе биде активна, па затоа еве ова нека биде некоја увертира во период во кој ќе се потрудиме малку повеќе да ги `рчнеме темите околу новите медиуми. Ако има некој заинтересиран, бујрум.

За настанов. Најискрено се надевам дека ќе има еднаков број неблогери колку и блогери, не дека не сакам да има блогери, туку што пoвеќе неблогери тоа повеќе ќе се прошири гласот надвор, без разлика дали позитивен или негативен.

Уште еднаш еве го линкот до деталите и молам секој кој навистина планира да доаѓа да остави коментар таму.

Фала на Ели за дежурството во петок и на Док за логото.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.