Комуникации.нет има(ше) свој редовен сорботник кој во минатото во повеќе наврти пишуваше зa iPad и неговата улога во светот на медиумите и техноголијата. Се вика Милчо и пред некоклку недели ми испрати нов текст, кој јас неоправдано не стигнав до сега да го објавам. Денес е денот. Повелете, екслузивно за комуникации.нет, Милчо Узунов.
Кога се гледа ретроспективно сѐ е на виделина и многу лесно се прават сумирања, но кога нешто само што излегува на пазар проекциите за тоа што ќе се случи не се ни малку лесни ни наивни.
Еве како тоа изгледаше пред една декада:
iPad и светот потоаThe Daily за iPad – први реакции
The Daily за iPad: Последни реакции
Светските и македонските медиуми и iPad
Еве што знаеме денеска.
1. iPad не стана новиот iPod и не ги спаси весниците.
2. iPad не понуди (досега) револуционерно ново прикажување на содржина.
3. iPad стана новиот не телефон уред на новите генерации. Настрана рекламата.
4. iPad во најмоќната варијанта ѐ сеуште недостапен за многумина (iPadPro+ Apple Pencil+ Magic Keyboard + AirPods+ кабли и адаптери = $1500 за најосновната верзија).
5. iPad можеби од корен веќе ги промени Macintosh компјутерите.
На крајот на приказната претпоставувам дека е најбитно што е крајниот резултат. А тоа е дека имаме подобри таблети.
Секако секогаш постои варијанта да завршевме со уред сличен на овој концепт од 1994 –Дедо му на iPad.
Иако попатно реално се случуваа следните нешта реалноста денес е дека за Apple за разлика од конкуренцијата, за добро или за лошо го контролира целиот процес од хардвер до софтвер на своите уреди и не зависи од други производители на процесори.
Тоа и покрај тоа што целосната концентрација на моќта е на едно место, им овозможва да менуваат концепти и да ги враќаат другите производители да ги сменат нивните концепти, со цел по конкурентно да се натпреваруваат на за корисници, кои годишно ќе потрошат неколку илјади долари за нивните производи.
Бидејќи луѓето коие се доволно луди да помислат дека можат да го сменат светот, се оние кои на крајот и го прават тоа.