Колку и да ви каже некој дека не му е важен муабетот за влијателност и популарност ве уверувам дека не постои човек кој останува комплетно рамнодушен по вакви прашања. Некои помалку, некои повеќе, ама на сите ни годи кога некој друг ни посветува внимание, кога го цени она што го правиме и кога не слуша или послушува кога ќе им дадеме совет.
Но она што е многу важно, особено денес во ерата на брзите растови и подеми на популарност (читаj време на интернет и социјални медиуми) е дека мора да се научи да се прави разлика помеѓу влијателност и популарност. Постојат поголем број на релевантни текстови кои на време ја третираа ова тема. Еден од култните е текстот на (почитуваниот) Brian Solis со наслов: Please Repeat: Influence is not Popularity.
За да не мудрувам јас премногу, човекот си го пиша постот пред 2 и пол години, само ќе преземам (пренесам преведени) делови од овој текст кој секако е релевантен и денес.
…За почеток мора да се наведе дека влијанието нема потреба од нова дефиниција, ниту пак е отворено за адаптивни интерпретации за да ги задоволи потребите на оние кои го мешаат со популарноста, односно активности кои немаат ефект. Merriam-Webster го дефинира влијанието како „начин на дејствување и остварување ефект при кој не се применува очигледен напор“. Истражувајќи алтернативни извори, влијанието се опишува како способност да се има ефект врз карактер, развој или однесување на некого или нешто.
Според истражувањето на „Influence is Bliss: The Gender Divide of Influence on Twitter” на социјалните мрежи влијанието не се мери по број на луѓе кои те следат, пријатели, кликови или лајкови, ниту пак според фреквенција на учество во соодветната заедница. Додека овие служат како показатели, сепак не се константни фактори за мерење на влијанието.
Тексот го преведе Ана Андоновска, фала Анаааааа
За социјалните медиуми се вели дека се дефинирани од мудроста на толпата. Како што Andrew Keen истакнува во неговата книга „The Cult of the Amateur” многу од најпознатите онлајн движења не ја претставуваат мудроста што би се очекувала. Како такви, ефектите се мерат како збир од нејзините делови. И за жал, никогаш не треба да се потценува моќта на неинформираните во големи групи.
Безначајно е да се потикнуваат кликови, гласови, лајкови или споделувања/ретвитови, бидејќи со текот на времето безначајни барања се трансформираат во сомнителни себе-промоции кои потоа е тешко е да се оправдаат. Социјалната валута е резултат на се што правиме онлајн. Таа претставува активна инвестиција од релевантна содржина и аналитика комбинирана со препознавање, реципроцитет и награда која ги зголемува вербата и авторитетот. Со текот на времето нето вредноста не се мери по големината на социјалните графи (мрежата на пријатели/следбеници), туку по местото кое ние го заземаме во неа.
HP’s Social Computing Lab направи студија во која се анализираа 22 милион твитови. Заклучокот е дека забележителен дел од Твитер корисниците се пасивни корисници на информации и ретко споделуваат или ретвитаат содржина. Клучното откритие е дека за да се стане влијателен, поединците не само што мора да го привлечат вниманието на нивните следбеници туку мора и да ја надминат пасивноста. Ова важи и за корисниците на Facebook и YouTube. Со студијата се заклучува дека корелацијата помеѓу популарноста и влијанието е послаба отколку што може да се очекува. Ова е одраз на фактот дека за информацијата да се прошири на мрежата поединците мора да ја препратат до други членови и на тој начин активно да се учествува наместо пасивно да се прочита и да престане да се дејствува.
Со текот на годините Брајан Солис ги истражувал улогите на влијателните на социјалните медиуми и како резултат на тоа ја редефинира дефиницијата на влијателен едноставно како способност да се предизвикаат мерливи активности и резултати. Намерата да се биде влијателен значи и дека треба одредените акции да се дефинираат и да бидат претворени во стратегија. Егзекуцијата на овие планови тогаш зависи само од досегот до влијателните гласови според кои се подредени. Во свет каде што се мериме според нашиот друштвен график (social graph), влијанието, не незнаењето, е благослов. Внимание, интеракција и афинитети се заслужени привилегии и како такви, со големо влијание доаѓа и голема одговорност.“
_____
Не знам колку успеа овие извадоци да ја доловат пораката, во секој случај трк на оригиналот да си го прочиташ цел. Целата поента е стекнување на знаење со кое ќе умееме во даден момент да процениме што е популарност а што влијание. Во еден, исто така постар текст, на Драган Варагиќ, каде тој го разгледуваше влијанието на блогерите всушност тој изведе заклучок дека најважно е кој те чита. Па оттаму и влијанието може да се разгледува и низ таа призма. Која е публиката кон која е упатена пораката, која публика ја прима пораката и најважно како реагира публиката кога ќе ја добие пораката.
Кој е твојот став? Што значи влијателен а што популарен?
Дополнување: Твитер влијателност – одличен блог пост на Џаман
нешто на темата, онака да оставам коментар и поздрав
http://dzam.blog.com/2013/01/25/tviter-vlijatelnost/
Фала Џаман, одличен пост, не сум го читнал на време. Оди горе во основниот текст како дополнување. Фала.