Еве не на крајот на уште една работна недела во најкраткиот месец од годината. За денес содржината е кратка и слатка, и најмалку еднакво интересна како останатите прегледи. Кликајте…
Денешните теми
- Брзо и ефикасно одговарање на Инстаграм пораки. Фејсбук најави дека ја тестира опцијата за примање и одговорање на пораки од Инстаграм преку инбоксот на твојот Фејсбук пејџ. Опцијата би требало да биде достапна во наредните неколку дена, веднаш под полето “Messenger”. Унифицираниот инбокс ќе биде достапен и на мобилен преку апликацијата Pages Manager.
- Да се преживее и доживее Superweek. Superweek e 5-дневен настан за дигиталните аналитичари, кој се организира сeкоја година во Унгарија. Нашиот драг пријател и говорник на сцената на AllWeb, Robert Petković, го сподели неговото искуство и мислење за конференцијата во еден вид на извештај. “Biti pet dana s vrhunskim stručnjacima u svom poslu, koje možeš pitati bilo što i s kojima se možeš usporediti, neponovljivo je iskustvo.”, вели Petković.
- A што со читливоста? Дали читливоста е битна за рангирање? Пишувањето на едноставен и разбирлив јазик носи повеќе посетители на твојот веб сајт. Никој не сака да се губи во тоа што го пишуваш, затоа обрни внимание на твоето “copy”. И не заборавај дека пребарувачите го имитираат човековото однесување. Помина времето кога колку повеќе клучни зборови значеа повисоко место на ранг листата на Google. Сега пребарувачите се способни да скенираат и разбираат текстови исто како и човекот.
- Dieter Rams’ 10 Principles of Design. Секој дизајнер има слушнато за принципите за дизајн на легендарниот дизајнер Dieter Rams. Но никогаш не биле презентирани така добро визуелно како во документарецот Rams, на Gary Hustwit. Документарецот беше пуштен во неколку кина, а Hutswit скоро објави кратко видео онлајн. Фасцинантно, 4-минутно видео за тоа како Rams ја изразува и пренесува својата филозофија за дизајн преку креирање производи.
Бонус линкови
Кратки сме со денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следниот преглед во петок! (confident smile)