a1.com.mk

Почитувани посетители,Во изминатите 48 часа нашиот сајт беше изложен на т.н. Denial-of-Service интернет напад, што доведе до комплетна блокада на мрежата на нашиот хостинг партнер.Одделот за ИТ на А1 Телевизија, во соработка со интернет провајдерот Он.нет и нашиот хостинг партнер од САД, работат на блокада на нападите и повторно нормализирање на функцијата на сајтот.

Ве молиме за разбирање до повторното воспоставување на функционалноста на сајтот.

Со почит,

А1 Телевизија

6 Comments a1.com.mk

  1. Стеван 15/02/2008 at 13:29

    Добро, еве „апдејт“ на настаните 🙁

    1. Нападот почнал во вторникот некаде околу 22 часот. Според зборовите на компанијата каде што се наоѓа серверот, во одреден момент протокот кон нивата мрежа бил во ранг од 600 MB/s. После извесно време заклучиле дека целиот промет оди кон нашиот сервер и побарале од двата нивни интернет провајдери да го блокираат целиот промет што доаѓа кон нашиот сајт. Од тој момент, нивната мрежа се спасува, меѓутоа нашиот сајт е недостапен.

    2. Во средата наутро, видовме дека серверот не функционира и почнавме да контактираме со техничката поддршка да видиме каде е проблемот? Поради временските разлики, тоа се оддолжи до пладне, кога дознавме што точно се случува. Нивната препорака беше да контактираме со компанија што обезбедува заштита во вакви ситуации, што и направиме, меѓутоа цената што ни ја понудија беше „страшна“.

    3. Од четвртокот, во соработка со Он.нет, доменот a1.com.mk го пренасочивме кон друг сервер, со помал капацитет, со цел да провериме дали нападот уште трае. Во четвртокот околу 23 часот, нападот се повтори, по што одговорните од Он.нет ја блокираа и новата ИП адреса со цел да се ослободи серверот.

    4. Утрово (петок) адресата беше повторно „ослободена“, бидејќи нападот беше завршен, а со Он.нет бараме начин како да го пресретнеме следниот напад.

  2. darko156 15/02/2008 at 15:09

    Стеван фала за објаснувањето. На темава дискусија се разви и кај Јован, може и таму да се остави истово појаснување.

    Се надевам дека во иднина нема да имате ваквки слични проблеми.

  3. danco 15/07/2010 at 18:25

    Zitel sum na selo vozarci –kavadarci baram pomos preku vas za nasata sostojaba ce ve molam vo najkratok rok da ne posetete I da gi videte nasite problemi so koi se soosuvame .vodata e zivot a nie nemame zivot t.e nemame voda.pred voda za pienje nemame dva meseci I ni nosea sekoja nedela na cetiricleno semejstvo po dva paketa dali e toa e dovolno nikoj ne ne prasuva “no I toa zavrsi povece ne dobivame voda za pienje a I za licna higiena ne dobivame voda odnapred ce vi bidam blagodaren ako ne positive

  4. bekir 19/01/2011 at 18:21

    a1 navistina najdobri ste samo prodollzete vaka ve sakame qao pozdrav

  5. Anonymous 30/01/2011 at 10:56

    Давам безрезервна подршка на а1 телевизија бидеќи ја гледам од самиот почеток

    и е препознатлива по најактуелните светски серии, вестите и продукцијата од забавен карактер.Се надевам дека сите заедно ќе успееме да ја зачуваме телевизијата и повторно ќе ги слушаме најдобрите најавни шпици. Со поздрав.

  6. melbourne airport pa 21/11/2012 at 04:48

    Harper Lee~ Until I feared I would lose it I never loved to read. One does not love breathing.

Comments are closed.