Нов тренд – вграден видео плеер

Колку брзо ја големите (медиумски) играчи ја прифаќаат онлајн модата? Сигурно и ним не им е лесно, постојано треба да се натпрваруваат со својата публика, публиката што создава содржина, а ја има се повеќе и повеќе.

Нормално, како и за многу други скорешни настани, YouTube стои во позадината или подобро речено во основата. Од пред некое време многу сајтови на мејнстрим медиуми започнаа во своите текстови да ставаат линкови до видео клипови на YouTube, некои од нив дурии ги поставуваа на своите страни клиповите. Се разбира со помош на < embed code > опцијата.

Но, итрите тие, многу брзо научија дека тука може да ќарат многу повеќе од само искористување на видео клип објавен од корисниците. NTimes најавија дека наскоро ќе воведат ваква содржина, NBC веќе ја имаатWSJ изгледа отиде најбрзо и најдалеку.

Тие направија свој плеер, и овозможија други да го позајмуваат кодот и да го вгрдуваат во своите блогови/сајтови.

Колку ли им е мачно на старите чичковци кои се држат до старите добри принципи на пишуваното новинарство? Ова променава од весници во медиа компании е напорна и тешка.

А во МК ни законски не е дозволено да се поседува печатен и електронски медиум одеднаш. А што е со интернет сајтовите? Тие каков медиум се? А што ако некој од нив по примерот на NovaTV направи видео портал? Дали ќе го наруши законот?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Нов тренд – вграден видео плеер

  1. ribaro 15/02/2007 at 14:11

    Револуционерното кај WSJ е што има „embed“ опција. Но каде сме ние во сето ова? Па погледни ја само страната на ТВ Телма или во моментов додека ова го пишувам страната на ТВ Сител не се ни отвараше, а тоа се национални телевизии и ете го одговорот.

    пс: види нешто со линкот за Nova Tv, не е во ред.

  2. bedava chat 21/11/2012 at 10:00

    Hi there, You have done a great job. I’ll certainly digg it and personally recommend to my friends. I’m confident they will be benefited from this web site.

Comments are closed.