Амбасадата на Соединетите Држави во Република Македонија ја огласува Програмата за професионално усовршување по новинарство и масовни комуникации во Соединетите Американски Држави во академската година 2008-2009. Програмата ќе им овозможи на млади, како и на нешто поискусни, новинари и професионалци од областа на медиумите, кои се граѓани на Република Македонија, да ги усовршат своите вештини преку студирање и практична работа на водечки универзитети во САД.
Ова звучи интересно. Фала за информацијата.