Social Media Day – бизнис настан во Скопје

Растечкиот тренд на организирање на бизнис ориентирани настани во Македонија продолжува. Оваа недела, поточно во петок на 18. ќе се организира прв ваков настан на кој главна тема ќе бидат социјалните медиуми. Ме радуваат вакви работи затоа што ова значи дека бизнис заедницата гледа сериозно на темата и потребата од стуктуриран приод и стратегиски настап на социјалните медиуми.

Еве што пишува на официјалниот сајт кој го најавува настанот:

Social Media Day e првиот целодневен настан наменет за бизнис заедницата на кој ќе учествуваат светски реномиран говорник и неколку локални експерти кои ќе говорат за најновиот светски феномен – социјалните медиуми и нивната употреба за бизнис цели.

Главен лик на денот ќе биде Steven Van Bellgehem, предавач на интернационални маркетинг конференции, автор на бестселерот “The Conversation Manager”. За отварање Савица од Httpool ќе напрви краток преглед на локалниот пазар и неговиот капацитет а малку подоцна пред завршната панел дискусија во траење од 1 час јас и Мите Кузевски ќе одржиме работилница со малку практични совети и повеќе примери за употреба на Facebook и Twitter.

И покрај тоа што на самиот сајт не е јасно истакнат организаторот на самиот настан, морам јавно да истакнам, затоа што многумина ме прашуваа, јас и Мите односно, NewMediaMK на ниту еден начин не сме вклучени во организацијата на овој настан. Ние само учествуваме во неговата програма. Но тоа ни од  далеку нема да не спречи да се потрудиме максимално посветено да го пренесеме нашето знаење и искуство на сите кои ќе бидат во петок присутно во Александар Палас.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Social Media Day – бизнис настан во Скопје

  1. iki 23/02/2011 at 15:19

    настана на годината

Comments are closed.