“ВЕЧЕР” со нови сопственици

Дневниот весник “Вечер” од вчера и официјално има нови сопственици.
“Акциите на весникот се продадени во целост. За сумата е се уште рано да зборуваме. Следните 45 дена ќе треба да завршат активностите околу прецизирањето на долговите и побарувањата. Тоа практично значи дека ќе се скенира работата за да се добие целосна слика”, рече денеска Бојо Андрески, еден од четворицата нови сопственици на “Вечер”. …повеќе

Извор: СекојДен

3 Comments “ВЕЧЕР” со нови сопственици

  1. volan 17/02/2006 at 15:12

    Koga go slusnav ova sinoka na vesti neznaev dali da se raduvam ili taguvam za vesta ili da taguvam…

    Bi se raduval ako ova e nov pocetok za nekogas najcitaniot vesnik vo Makedonija…

    Bi se raduval ako go kupuva nekoj koj ne e vo germanskata grupacija na gazdi (vest,utrinski,dnevnik…)…..

    Ke taguvam ako nekoja partija go kupila – ili nekoj koj saka da pravi partija…..

  2. Gjole 18/02/2006 at 11:45

    Види сеа — Бојо Андрески по другото е познат и како сопственик на тоа креацијата (…уште не можам да го наречам факулетот..) Ф О Н.

    …така да кога ке видиш како функционира тоа — не ми изглеа дека весникот има некоја креативна и светла иднина 🙂 …ама ај да не фрламе камења уште на почетокот нели! 🙂

  3. Darko156 18/02/2006 at 16:48

    Искрено кога Идеа Плус решија да го спасуваат Вечер не очекував дека ќе успеат да направат нешто посериозно, но баре може да речеме дека го спасија, е сега дали овие новиве кои и да се (а набрзо ќе дознаеме) ќе успеат да направат весник барем приближно до оној стар Вечер останува да видиме, ам сепак не знам зошто но јас сум повторно скептик.

    Дај боже да грешам 🙂

Comments are closed.