ENGAGE – конференција за друштвени медиуми и активизам

Убав тренд се разви во регионов во кој технологијата и новите медиуми почна да се ставаат во општествен контекст. Досега следевме конференции кои беa насочени кон самата технологија, маеркетинг и слично а еве веќе некое време наназад може да ги пофалиме BlogOpen, Share Conference и сега да ја поздравиме иницијатива за Engage.

Engage е конференција за друштвени медиуми и активизам која оваа година за прв пат ја организираат Младински образовен форум и Радио МОФ. Engage се фокусира на позитивни искуства од истакнати активисти од Македонија и регионот кои го употребуваат интернетот како платформа за граѓанска мобилизација. Engage се фокусира и на интеракција и дискусија со присутните гости на конференцијата, со единствена заедничка цел – да ја заштитиме и промовираме слободата на интернетот и јавниот простор.

Конференцијата ќе се одржи на 25ти февруари 2012 година, во киното Фросина во МКЦ а планирана е ептен динамична програма со голем број говорници и перформанси. Организаторите најавуваат аудио и видео стриминг и квалитетна интернет конекција за сите, да не ги урочиме само :).

Организаторите ветуваат дека ќе сторат се од себе Engage да биде виртуелен и физички собир на онлајн заедницата во Македонија. Деталите за конференцијата може да ги погледнете на: www.radiomof.mk/engage.

На настанов ќе зборувам и јас со кратка презентација насловена: Како да организирате настан заедно со заедницата, а меѓу најавените презентери сакам да го потенцирам Дејан Николиќ, основач и уредник на Njuz.net и секако премиерата на филмот:  The Real Social Network

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.