Тотално „разоружување”
…Колку што ми е мене познато секоја репортажа, од професионална етичка гледна точка, покрај неминовно критички лошата, треба да се напомене и добрата/светлата страна.
Да парафразирам, тоа ви е исто како да отидете да речеме во Индија и оттаму да рапортирате во својот медиум како владее тешка сиромаштија, нехигиена, пренаселеност а да заборавете да спомнете егзотичните предели покрај реката Инд, религиозните будистичко/хинду објекти со светско значење или пак да заборавите да го нафрлите значителниот економски раст кој го бележи оваа земја.
Слични еднострани репортажи честопати ни прават и разно-разни расистичко-ксенофобични странски новинари кои во своите репортажи за нашата земја, знаат само да го засилат стереотипот буре барут и останата балканштина.
Повод:ЉУБОВЕН НАПИТОК ЗА 300 ДЕНАРИ (Форум+)
Коментар: Писарев во класно нетрпелива акција (Букаро)