Media & Marketing Blog

24 #ПрегледВоПеток

Се враќаме поредовни од било кога (пу пу да не се урочиме) со 24тиот преглед во петок. За денес имаме новости од доста апликации што ги користиме во секојдневниот живот. А на крајот од четивата имаме и едно слатко камелеонче. Стартуваме.

Денешните теми

1. Improved location settings on Facebook’s Android app.

Пред два дена Facebook изјави дека ќе додаде нова опција за контролирање на приватноста за андроид апликацијата. Оваа опција ќе им овозможи на корисниците да ја блокираат Facebook апликацијата од прибирање и чување на информации за нивната локација.

2. YouTube’s latest ad safety controversy.

Прошлиот викенд блогерот Matt Watson објави 20-минутно видео во кое тврди дека YouTube “промовира педофилија” и дека се споделуваат линкови од детска порнографија на “безопасни” видеа од деца кои вежбаат гимнастика и други активности. Приказната веднаш се прошири и YouTube беше принуден да ги адресира грижите на своите клиенти и нивните агенциски партнери. Ова не е прв пат Јутуб да има проблеми со безбедноста на брендовите што се рекламираат на оваа платформа.

3. Viber’s controversial new strategy.

Почнувајќи од 1ви април годинава Viber ќе почне да им наплаќа на компании што имаат чет ботови на оваа платформа. Со плаќање на $4,500 месечно, компаниите ќе може да пратат до 500,000 пораки на корисници. А за $6,500 месечно ќе можат да пратат до 1 милион пораки. Ризичен потег за Viber.

4. Twitter launches a public test for its redesigned replies.

Уште во октомври минатата година Twitter изјави дека ќе ги редизајнира дискусиите на платформата со цел “подружељубиви” и полезни дискусии. Сега Twitter го тестира редизајнот на конверзациите заедно со голема група на корисници. Ако сакаш да бидеш дел од тестот, можеш да се пријавиш на twitterfeedback.com.

5. LinkedIn’s live-streaming option – LinkedIn Live.

Со новата алатка за видео во живо LinkedIn Live, LinkedIn ќе обезбеди уште една опција за видео содржина на платформата. Можноста за директно стримање на растечка публика на професионалци e многу привлечен момент за B2B содржина во живо. Моментално алатката LinkedIn Live ќе биде достапна само во САД.

6. Meet the chameleon menu.

Бразилската компанија guavasowftware има многу интересно мени кое го викаат chameleon menu. Ова динамично мени што ја менува позадинаската боја во однос на делот од страната во кој се наоѓаш е доста уникатен избор во дизајнот.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок, се надевам дека четивата ти беа интересни. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

До следниот преглед во петок! (ultra confident smile)