Од кризно комуницирање до шанса за промоција – @BurgerKing & @Jeep

Поголем дел од вас кои следите актуелни теми од областа на новите медиуми сигурно налетаа на инфрмација дека минатата недела Twitter сметките на Бургер Кинг и на Џип им беа преземени и злоупотребени.

McDonalds-BurgerKing-on-Twitter

Секако, тие успеаа брзо да си ги вратат назад и да ги избришат злонамерните твитови, но она што вреди да се спомне после ова непријатно искуство е фактот што компаниите успеаа да извлечат корист од целата ситуација.

Во ситуација кога вниманието е насочено кон нивните сметки на Twitter (огромен број на објави) значи дека во тој период и ќе добијат повеќе нови следбеници (followers) зошто голем број на корисници сакаат да ја следат разврската на ситуација а и секако да фатат малку сеир. Но, овие две компании си најдоа уште една прилика да си се потапкаат по рамо за иста болка.

Еве ги твитовите со кои Бургер Кинг и Џип си поразговараа:

 

Секако забележливо е колку ретвитови и favorites имаат твитовите, што е уште еден супер момент извлечен од целата кризна ситуација.

Наравоучение: по урнекот на претходниот пост за Oreo, не испуштајте шанса да влезете во активна комуникација. Никогаш не знаете кога тоа ќе вроди со многу плод. Штета сигурно нема да има… ако стратегијата ви е на место и знаете кому ја доверувате вашата комуникација.

Дополнување:

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.