SOPA, PIPA, ACTA кратенки кои не опкружуваат изминатиов период. Документите зад нив не се на арно за интернетов и светов кој сега го живееме. За да ги појасниме овие термини и да ги прошириме нашите (и се надеваме и вашите) знаења за иницијатививе кои имаат за цел поголема контрола на нашите животи разговаравме со двајца активисти, членови од Facebook групата: Балканска Анти-АКТА група.
Ако ти се допадне муабетов кој нешто повеќе од еден саат го теравме со Мите, Бојан и Ратко вклучи се во акцијата и придонеси на начин на кој можеш.
Супер беше разговорот, одлично се покажаја ратко и бојан. јасно и гласно ги кажаја ставоите и размислувањата окулу АКТА, покажаја што се направивме до сега ( ме спомнаја и малку 🙂 ) поздрав и фала за подршката..
Супер 🙂 А можевте да чепнете и за #timemk
Киро, можевме да чепнеме уште многу работи, ама здравје во некоја следна прилика 🙂
Рубин, баш ми е мило што ти се допадна оваа епизода. Во основа на целиот блог и особено подкастот (во последно време) третираме теми поврзани со интернет. Нема потреба да се заблагодаруваш за поддршка, на иста страна сме правиме кој колку може :).