123 #ПрегледВоПеток – Super Facebook и Super Twitter…

Што убаво сонце надвор и што убава прилика да уживаш во првото утринско кафе со денешниот #ПрегледВоПеток 🙂

Здраво, Facebook! Како си, што има ново?

Јас мислам дека во преглед во петок треба да воведеме секција “Facebook social media domination” и таму да ги споделуваме сите новости на Facebook како одговор на она што конкурентите го прават.

Како значајни, до сега ја имаме копијата на TikTok наречена Instagram Reels, пуштање на newsletters откако Twitter ги зема Revue ииии некаква копија алатка/апликација како одговор на Clubhouse и растот на аудио социјалните мрежи.

Нова апликација т.н. Super

Она што е актуелно изминативе недела-две е дека Facebook има пуштено тест за новата т.н. ‘Super’ апликација што е копија на Cameo – апликација преку која можеш да платиш да се дружиш на видео со славни личности.

Super е сè уште во фаза на развој така што не се знае како апликацијата ќе функционира во целост. Во секој случај, Cameo пази се, доаѓа Facebook по тебе!

Алатки за испраќање newsletters

Facebook планира на новинарите и писателите да им понуди алатки за испраќање на newsletters. Алатките ќе вклучуваат функционалности кои ќе им помогнат на авторите да изградат база на следбеници на социјалната мрежа, да прават мејлинг листи и да менаџираат со нивните претплати. И ова е уште еден проект кој е во фаза на развој но се очекува алатките да бидат достапни веќе ова лето.

Зошто сега? Затоа што business is booming, baby! Со пандемијата голем број новинари соопштија дека ќе лансираат свои, самостојни брендови кои ќе ги комуницираат преку newsletters. Substack има преку 250,000 креатори на својот сервис а Twitter го купи Revue. Ова е повеќе од доволно за Facebook да зготви некое свое решение како одговор на одлуката на овие новинари.

Времињата се менуваат, колачињата исчезнуваат

Нема повеќе колачиња од трети страни на Google Chrome

Google Chrome ги отстранува колачињата од трети страни ЗАСЕКОГАШ! Ова значи дека ќе биде многу потешко да се следи активноста на билиони луѓе кои користат прелистувачи. Иако ова е голема победа кога станува збор за приватноста, ова само уште толку ќе ја зајакне контролата на Google врз индустријата за огласување и интернетот како целина.

Да, промената е потребна и неизбежна.. но овој потег ќе биде особено тежок за помалите компании за огласување и сајтовите кои прават пари од ова. Ваквите промени значат дека повеќе пари ќе се трошат на Facebook, YouTube, TikTok итн. каде таргетирањето во затворен екосистем ќе биде многу полесно.

Целосна заштита против колачиња со Firefox 86

Истото што и погоре го прави и Firefox но не во целост. Total Cookie Protection превентира компаниите да користат колачиња за да ја следат твојата активност на пребарување.

Новата опција работи така што одржува посебна “тегла” за колачиња за секој сајт што ќе го посетиш. Секој пат кога сајтот или содржината на сајтот од трети страни ќе ти фрли колаче, тоа оди во теглата и се задржува само на тој сајт, односно Firefox не дозволува да биде споделено со други сајтови.

Наплаќање за твитови со Super Follow

Twitter најави две големи новини: можност корнисиците да им наплаќаат на следбениците за пристап до дополнителна содржина и можност за креирање и влегување во групи базирани на интереси.

Функцијата со плаќање т.н. Super Follows ќе им овозможи на Twitter корисниците да заработуваат пари за екстра содржина. Ова може да значи бонус твитови, пристап до групи, преплати на newsletter или беџови. Сè уште не се знае кога овие фунцкии ќе бидат достапни.

Индија со строги регулации за социјалните мрежи

Индија најави нови регулации за гигантите како Facebook и Twitter. Тие бараат компаниите да воведат механизам за адресирање на поплаки од корисници, вклучувајќи официјални “grievance officers” кои ќе одговараат на поплаките во рок од 24 часа а ќе ги решат во рок од 15 дена. Дополнително, бараат сервисите да отстранат голотија и сексуално експлицитна содржина во рок од 24 часа откако корисник ќе ја пријави за таква.

Бесплатни конференции и вебинари за дигитален маркетинг за 2021

Еве една супер корисна LinkedIn објава за конференциите и вебинарите кои следат. Можеш да видиш кога се одржуваат, кои се спикерите, зошто да присуствуваш и како! Топло препорачувам. 🙂

Бонус линкови

До следниот преглед во петок со мене 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.