Македонците на телевизија најмногу гледаат вести

Целата вест ќе ја најдете на А1, јас не успеав да најдам друго подетално известување па затоа ќе си дозволам само да искоментирам еден дел од известувањето

Но, за разлика од верувањето дека кај нас се гледаат многу серии, истражувањето покажало дека дури 31% од испитаниците воопшто не гледа сериски филмови.

69% од населението се зависници од сапунски серии? Зарем не може така да се погледне на бројкава и да стане загрижувачка??

Но мојот коментар се однесува на нешто друго? За кои серии станува збор?? Јас гледам Cuppliнg, CSI и уште некоја, кога ќе ја начекам на ТВ, а кога би ме запрашале дали гледам серии веднаш би помислил на Вила Марија и на Циганки и инстинктивно би рекол не, не гледам. Значи можно ли е ова бројка да е анализирана погрешно?

Вообичаено тука добро би дошла и информација за методот на истражување и можниот прашалник ама што е тука е, да се надеваме дека истражувањево ќе биде пристојно публикувано и презентирано пред јавноста

И на дното на оваа вест:

Податоците од истражување, спроведено од Центарот за развој на медиуми, Институтот за меѓународни работи и Фондацијата „Институт отворено општество“, треба да се искористат во изработката на стратегија за развој на радиодифузната дејност, која треба да се донесе во наредните 24 месеци.

Премногу долго

Извор: за жал само А1

1 Comment Македонците на телевизија најмногу гледаат вести

  1. Pingback: Ретро-комуникациии | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.