Дали сајт како Twitter на македонски ќе функционира во МК?

Со неколку дена закаснување ја видов дискусијата на Кајмакот за креирање локална алтка за микроблогирање.

Малце пишав таму, ама некако ми се причини дека сакам нешто подолго да си кажам, па затоа еве пост 🙂

И по крај тоа што креирање на локални сервиси по урнек на глобално успешните е докажано оправдана работа, сепак кога станува збор за микро-блог платформа мислам дека треба да се земат предвид некои работи.

1. Јазичната бариера за употреба на апликацијата не е воопшто предмет на дискусија. Нема тука филозофија, имаш празно поле, пишуваш во него, сите други зборови што треба да ги знаеш се follow, following, followers, reply и direct massage. Рака на срце не се многу а и не се тешки :).

2. Во МК сеуште нема доволен број на корисници кои би можеле да го дигнат на повисоко ниво на употреба овој сервис. Првенствено микро-блог сервисите (на глобално ниво) се употребуваат во движење преку мобилни. Бројот на паметни телефони кај нас рака насрце (претпоставувам) е мал а од друга страна пак тешко ека во скоро време и ќе се научиме да ги користиме за нешто повеќе од смс и зборење. Може грешам, ако има некаде некој податок колку во МК се корсти ммс и интернет преку мобилен, нека сподели.

3. Со која цел би бил направен ваков сервис? Мора да се има предвид тоа. За пари? За лична промоција на креаторите? За општо добро? Кога би се знаело ова ќе може да се извадат на маса уште некои детали.

4. Ми сечини дека (да одговорам и ја директно на прашањето) ако се прави сервис само за да се реплицира twitter.com нема да се постигне ништо. Едно време ми се уврте во глава нешто слично, по една twitter дискусија. Еден локален микро-блог сервис мора да има некаков фокус, некаква додадена вредност, некоја тема со што би бил попривлечен. Еден локален микро-блог сервис може да биде составен дел од некоја поголема послежена приказна, може да биде само еден од каналите за комуникација на некој друг сајт на некоја друга тема. Мислам дека така би можело да се очекува нешто.

Микро-блог сервисите на глобално ниво ги користат и компаниите како интерен комуникациски канал, може и од таму да се научи нешто повеќе, а може да се научи нешто повеќе на ова тема и од хрватскиот сервис Shout’em.  Овој сервис на своите корисници им нуди сами да креираат своја микро-блог заедница.

Фотката е од тука

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.