Еве сме на почетокот од месец март со уште еден, редовен, #ПрегледВоПеток.
Еве што избравме за денес
1. The liberal answer
Montesquieu, центрист од 18ти век, има многу да нè научи за регулирање на дигиталните медиуми. Toj е француски политички филозоф познат по “поделба на власта“. За Montesquieu слободата е став формиран врз основа на факти. За граѓаните да можат да ја бранат нивната слобода од злоупотреба, тие треба да имаат пристап до веродостојни информации за да ги идентификуваат можните закани. Според него, денешните tech giants треба да бидат подготвени го “жртвуваат” нивниот UX, а оние што ги пишуваат политиките треба да дозволат “помалите интереси да преминат во поголеми” за да ја заштитат демократијата од злоупотреба.
2. 3,5 Degrees of separation
Ти текнува на теоријата која вели дека цел свет е поврзан преку максимално 6 конекции (луѓе)? Калкулирањето на степени на одвојување во мрежи со стотици билиони корисници ја олеснува оваа задача. Досегот на луѓе расте многу брзо со степенот на одвојување. За калкулирање на степените, Facebook се потпира на статистички алгоритми креирани од Kang за да ги пресмета далечините со голема прецизност. Со користење на bitwise OR operation, процесот може постојано да се повторува за да се одреди бројот на unique friends-of-friends, а потоа и friends-of-friends-of-friends. Со користење на Flajolet-Martin’s math се добива бројот на unique friends за секој степен на одвојување. Како и да пресметуваат, едно е јасно, поповрзани сме сега, и степените се намалени од 6 на „само” 3,5. Понекогаш ни се чини дека и ова е многу…
3. Facebook’s migrating all ad campaigns
Пред некоја недела Facebook изјави дека, почнувајќи од септември, сите Facebook кампањи ќе бидат мигрирани во автоматизираниот систем за алокација на буџетот на кампањи, вметнат во самата платформа. Целта на овој систем е maximizing ad performance преку алокација на повеќе пари на ад сетови што носат подобри резултати. Претпоставките се дека промените ќе бидат мали, за огласувачите. Но она што се менува е нивото на доверба кое Facebook ќе мора да го добие од истите… Досега ваквите автоматизации (пред сè кај Google) се покажале исплатливи, но ќе видиме како ќе се одрази оваа промена.
4. Quit Facebook, be less politically polarized
Има многу причини зошто некој би прекинал да користи Фејсбук, а меѓу најпопуларните од безбедносни причини или поради политичка манипулација. Новото истражување на Stanford University ни открива дека со отстапување од Фејсбук мрежата ќе ги зголемиме нашите офлајн активности, односно социјализирање со други луѓи. Учесниците во истражувањето кои го деактивирале акаунтот изјавиле дека не се во тек со новостите од политички карактер и дека е поверојатно да не одговорат точно доколку би им биле поставени прашања за новините во светот. Истражувањето е спроведено во Америка, иако може да се претпостави дека слични би биле резултатите и да не е само таму.
5. Parallax scrolling needs to die
Се сеќаваш пред 5 години кога хит беше сајтовите да имаат flashy layers што се скролаат со различна брзина, креирајќи вештачки 3D ефект? Епа parallax scrolling е сè уште присутен на голем број сајтови. Најголемиот UX проблем кај parallax е дека едвај го постигнуваат посакувачкиот ефект на задржување на вниманието. Тоа е така затоа што со тек на време почнавме да ги занемаруваме. Ги занемаруваме затоа што голем број на реклами го прават токму истото. И покрај тоа, навиките на лош дизајн не умираат тешко. Parallax motion нема комплетно да го снема во скоро време. Но да се надеваме дека ќе го видиме во многу пофункционален сетинг.
Бонус линкови

Тоа беше сè од денешниот преглед во петок, се надевам дека ја задоволивме твојата дневна доза новости. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следниот преглед во петок! (super ultra confident smile)