Во рамките на нешто пошироко истражување бев во можност да ги присобирам и споредам податоците (по различни параметри) при емитувањето на тв-дневниците на локалните национални концесионери за ден четврток, 01.03.07, па навраќајќи се на некои претходни дискусии, интересно беше да се спореди колкав простор (т.е. време 🙂 одделуваат овие телевизии за вести и реклами соодветно:
Белешка: ненаведените секунди во табелата за првите 30 минути програма се однесуваат на емитувани џинглови, неутрални во однос на двете мерени категории.
Пак се навраќам на она во претходната дискусија, секоја телевизија може во рамките на еден саат програма да емитува 12 минути реклами. Се смета „реален“ саат, значи од 19 до 20, не можеш сметаш од 18:45 до 19:45.
Плус, телевизијата може да оддели одредено време и за промиција на останатите сопствени програми. Во А1 ова е ограничено на 3 минути, што значи дека 3/4 од времето емитуваме „вистинска“ програма, а 1/4 реклами.
Значи за да видиме дали некој го прекршил законот треба да мериш на интервал од еден саат. Овие вредности шти ги имаш во табелата се на пола саат и не значат ништо.
Немам намера да мерам реклами на саат и да повикувам кого било на одговорност, има таму платени господа од „Совет за Радиодифузија“, па нека си работат работилакот, оти за тоа се платени од јавни средства, значи и од мене. Дали тоа си го работат (личен став, не), треба да утврдат тие што ги бираат, а и тие се познати. Толку на таа тема која не е тема на овој конкретен пост. Податоциве овде дадени се релевантни (тоа и би било темата предложена овде) единствено за контрастивна споредба помеѓу самите телевизии, каде што според мене очигледно е дека квантитетот на реклами кај „ТВ-Сител“ е во пораст. Дали тоа има врска со имиџот на Сител, со нивната про-владина уредувачка политика и слично се теми за други анализи.
BTW, this way or another, не се согласувам дека ако мериш нешто на пола тоа не значи ништо. Да речеме, во случајот на повеќето ТВ-ии ако се мерат тие реклами во времетрање од 6 до 7, или од 7 до 8 навечер има едни бројки, а од 8-9, кога оди серија или сапуница е друго прашање (ова чисто импресионистички, како гледачко искуство, немам бројки). Мислам/верувам дека минутите за реклами таму се „повејче“ од 12м. Инаку јас тој закон кој што овде се цитира во живот го немам видено, и не се чувствувам рамноправно да дискутирам за нешто што не ми е достапно и со некој кој има монопол на увид во закон или текст кој го става на маса како свој аргумент.
Инаку чувствувам потреба овде да ја наведам и веста од денешниот прес на „Асоцијацијата на приватни електронски медиуми“ инаку типична за АПЕММ во стилот „трчи-плачи“ (се сериозни елементи на дневно политиканство)во кои се критикува се живо и диво, а секаков вид на критика до членките на АПЕМ се доживува како тенденциозен и злонамерен и нелегален. Значи како што сите со право можеме да ги анализираме и да го крикикуваме јавниот сервис, така на гледачка критикаи анализа треба да се навикнати и подложни и приватните медиуми. И тие земаат дел од буџетот, вистина помал, плус имаат речиси еднаква одговорност кон вредностите како што се јавно информирање и професионално работење.
АПЕММ: Катастрофална состојбата по донесување на новиот Закон за радиодифузна дејност
Скопје, 2 март (МИА)
Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ) смета дека состојбата по донесување на новиот Закон за радиодифузна дејност е катастрофална и оти надлежните институции или доцнат во спроведување на одредбите или воопшто не ги спроведуваат.
Претседателот на Асоцијацијата Виктор Грозданов на денешната прес-конференција реагираше на доцнењето на преминот од концесиски договори на режим на лиценци од страна на Советот за радиодифузија и смета дека не е добро да се чека последниот рок да се направи тоа.
Забелешки во работењето, Грозданов упати и до Агенцијата за електронски комуникации која и покрај укинувањето на јавните радио и телевизиски станици не ја забранува работата на три јавни телевизии со образложение дека тие ќе емитувале преку кабел.
Асоцијацијата е разочарана од Агенцијата за електронски комуникации, истакна Грозданов и додаде дека за нив директорот на оваа институција Коста Трпков не е директор и ја чекаат неговата смена.
Тој реагираше и на работењето на Министерството за култура во врска со пакетите што ги регистрираат кабелските оператори кои според него се срамни.
Грозданов заради настанатата состојба најави дека подготвуваат 100-тина пријави против поранешни и актуелни министри, директори и управители на надлежните институции, како и против директори на кабелски оператори.
-Цените дека оваа држава треба да знае дека ова е бизнис и дека не смее да дозволи нелојална к=BEнкуренција, потенцира претседателот на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија, дадавајќи дека се уште надлежните не разбираат дека сите концесионери работат според законот од 1997 година и оти не може да им се изрекуваат казни според новиот закон.
Како може некој да има монопол во увид на закон? Македонија веројатно има десетици илјади закони, мислам дека секој мора по донесувањето да се објави во службен весник, па ако побараш во архивата веројатно ќе го најдеш.
Колку во секунди некоја телевизија емитува реклами не значи ништо ако не знаеш колку чини една секунда. Може некој дава „гратис“ реклами 🙂
Еве ти извод од ненешните листи за реклами на А1, макар што уште е рано, до крај на работно време може да се смени:
18-19: 7:34
19-20: 11:58
20-21: 11:19
21-22: 7:38
Монопол во диксусијава, не генерално…тешко дека сега ќе се одважам да го барам законот во Универзитетска или каде и да е…додека ептен не ми затреба. Фала за бројките и фер потврдата дека има разлика помеѓу саати и саати, сепак навечер си е ударно време.
Моите сомнежи, во однос на мерениве податоци, беа некаде на оваа линија дека провладините медиуми доминираат во огласувањето, сега кога МТВ е помалку или повеќе „надвор од таква игра“:
http://utrinskivesnik.com.mk/?ItemID=F8301E194591…
At first we hope too much; later on, not enough. -Joesph Roux