На некој начин, сите блогови се влијателни

Ребека Блад ја дознав уште од самиот почеток кога почнава да се интересирам за блоговите. Таа е една од оние почесни членови на А-листата, и автор на една од највлијателните книги за блогови.

Владо (Канализација) во слободно време новинар во Форум+ минатата недела направи солидно интервју со Ребека кое мора да го прочитате. Интервјуто со наслов:

ДА СПОДЕЛИШ, ДА РАСКАЖЕШ, ДА МИСЛИШ

има некои многу одлични делови но и некои ситни прашања кои не се многу, многу потребни.

Во секој случај ова е одличен потег, браво Владо и се разбира Ивица (за да не плаче 🙂 и продолжете натаму, ако треба нешто тука сме сите 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.