170 #ПрегледВоПеток – The Internet VS Russia, Meta,TikTok…

Добредојде на новиот #ПрегледВоПеток, започнуваме…

Како интернетот ја хендла кризата со Украина?

Преплавени сме со (дез)информации со сѐ што се случува во Украина, па не е ни чудо зошто овој преглед го започнувам токму со моментот како целиот интернет ја хендла оваа ситуација.

Facebook, Twitter и Google ги блокираа рекламите во Русија и Украина

Како што се зголемува тензијата и притисокот врз ситуацијата што ја погоди Украина, Facebook и Google ги блокираа сите платени реклами што доаѓаат од руските медиуми, додека пак Twitter го суспендираше целосното рекламирање и во двете земји.

Одговорното лице за безбедност при комуникација во Facebook изјави дека не дозволуваат руските медиумски куќи да монетизираат акции на нивната платформа.

YouTube исто така суспендира неколку руски државни медиумски канали, како што е RT, да заработуваат пари од реклами. Покрај тоа, онлајн видео платформата ги ограничува и препораките на тие канали и целосно ги блокира во Украина на барање на украинската влада.

Meta создаде специјален центар за следење на конфликтот во Украина што е надлежен за отстранување на содржината што ги крши нејзините правила. Twitter вели дека „проактивно ги прегледува“ твитовите за да открие манипулација, да идентификува лажни вести и информации и да ги заштити профилите на новинарите, активистите и владините претставници и агенции. Двете компании исто така објавија совети како корисниците да ги заштитат своите акаунти од хакирање и да ја обезбедат нивната приватност.

YouTube соопшти дека во последните денови отстранил стотици канали и илјадници видеа поради кршење на неговите политики.

Силиконската долина под огромен притисок

Компаниите од Силиконската долина, исто така се соочуваат со притисокот да го ограничат ширењето на лажни информации и пропаганда за конфликтот.

Писма од државните органи беа испратени до Meta, Twitter, TikTok, Alphabet, Reddit и Telegram со насоки да ги заштитат своите платформи од ширење на руско влијание.

TikTok во “војна“ со креаторите на содржина

Ситуацијата со Украина покрена лавина од лажна содржина на TikTok. На платформата се појавуваат видеа што прикажуваат стари конфликти, сцени од филмови, дури и битки со видео игри со комуникација дека токму тие случки се она што во моментот се случува во Украина.

За само неколку дена видеата со хаштаг #RussianInvasion генерираа повеќе од 32 милиони прегледи а #RussiaUkraine повеќе од 132 милиони.

„And the volume of misleading videos does seem new to me. Some people are doing it because they want attention, some people want to monetize it, others are doing it potentially as misinformation and disinformation.„

Sam Gregory, Program director of Witness

Airbnb понуди бесплатно сместување за 100,000 Украинци

Airbnb понуди бесплатно привремено сместување за околу 100,000 Украинци што поради кризата беа приморани да ги напуштат своите домови и да го бараат мирот надвор од границите на својата држава.

Престојот ќе биде финансиран од Airbnb.org фондот за бегалци, а од компанијата изјавија дека веќе се испратени понуди за соработка со владите на соседните земји на Украина со цел навремено да одговорат на ситуацијата обезбедувајќи сместување за бегалците.

Некои Украинци на кои им треба сместување можеби во моментов немаат пристап до мобилни телефони или интернет што им се потребни за резервација, па Airbnb изјави дека ќе работи со непрофитни организации на терен, кои ќе бидат одговорни за резервирање и координирање на престојот за гостите бегалци, без оглед на националноста, расата, етничката припадност или како тие се идентификуваат.

Meta ги патентираше 3D разговорите

Дали тоа Meta ја најавува иднината на холограмите? И тоа со ни повеќе ни помалку, патент на 3D разговорите. И иако многу патенти никогаш не дочекуваат да станат вистински производ, патентот навестува како Мета ја замислува иднината на комуникацијата.

Поточно, апликацијата прикажува канал за снимање и пренос на 3D приказ на учесниците во комуникацијата со реалистичен лице в лице ефект.

Патентот е поднесен уште во 2020 и она што е важно е моментот дека ја опфаќа било која 3D трансмисија на телото без разлика дали се гледа преку AR очила, телефон или некоја нова идна технологија.

TikTok воведува10 минутни видеа

Растот на корисници на TikTok само ни покажа дека кратките видеа се овде и ќе ги има уште догледно време. Но, навиките и очекувањата на публиката се менуваат, а со тоа и нивните барања за содржина.

Компанијата е свесна и за монетазицијата од видеата па како одговор на конкурентските видео платформи, најави дека на сцена настапуваат 10 минутните видеа.

We’re always thinking about new ways to bring value to our community and enrich the TikTok experience. Last year, we introduced longer videos, giving our community more time to create and be entertained on TikTok. Today, we’re excited to start rolling out the ability to upload videos that are up to 10 minutes, which we hope would unleash even more creative possibilities for our creators around the world.

TikTok

Првично, временското ограничување на TikTok по видео беше 15 секунди, пред да се продолжи на 60 секунди, а потоа на 3 минути. Сега, корисниците ќе можат да поставуваат многу подолги видеа, што всушност би можело да има големо влијание врз тоа како луѓето ја консумираат содржината.

Бонус линкови

Ја ѕирнавте “Inventing Anna“? Ако сѐ уште не, еве предлог маратон за викендов.

Бај.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.