Како повод беше искористен митингот организиран преку форумот на Миленко, а темата беше блогосферата и политичката моќ.
Текст на Небојша Јаконов
Глобус (04.03.2008): БЛОГЕРСКА ИНТИФАДА
Што се однесува до нашето прашање, би рекле дека времето (и тоа некое баш сосема скорешно време) ќе каже дали тоа беше првата реална пројава во Македонија на „политичката моќ“ на Интернетот (демек, дали во скоро време ќе мора и блогерската заедница да ја сметаме за една од „партиите“ на овдешното политичко небо) или, пак, обратно, стануваше збор за првиот обид со упад извршен од страна на „невиртуелните“ политичари и политички „аспиранти“ и „приправници“, кои сосема реално ни го моделираат животот и судбините , што се вели по со време да се анулира евентуалното политичко инсталирање на еден нов демократски институт, кој дополнително би ја усложнило позицијата на актуелната, испробана и проверена „политичка технологија“ што се применува во земјава.
ова е само дел од заклучокот на авторот.
Патем, на колешките/гите во канцеларија повеќе им падна во очи насловната сторија во весникот, за семејството со седум деца. 🙂
Катастрофа, полоша статија, со толку стереотипи, неинформираност, тенденциозност, досега не сум читал за блоговите.
“Виртуелна кафана“?
И повторно се инсистира дека е “комуникациски“ канал.
Имавте ли барем поим што ќе напишат пред да ви земат изјави?
да, да тоа со кафаната е оригинално.
за изјавите, букар, нема да веруваш, ама јас и не памтам дека ми зеде новинарот баш некоја изјава како таква.
Виртуелна кафана ми се допаѓа како термин, ама не на начинот на кој го користи оној што го напишал текстот.
Кафаната, пивницата и салоните се традиционален јавен простор каде што јавното менние преку создавање на консензус се канализирало во јавно мислење. Постоеше надеж дека блогосферата може да го замени традиционалниот јавен простор кој телевизијата успеа да го рефеудализира, но набрзо спласна оваа еуфорија која во блогосферата го виде Хабермасовиот идеал за јавен простор.
Ова е бедно. Толку бедно и одвртано, да му се смучи на човек од терминот блогер. Не го исчитав цел текст, го поминав само онака ,,дијагонално". А и кој би читал благо ментално ретардирано мислење кога секој просечен фино организиран блог-пост е подобар од овој напис.
Следниот пат кога Небојша ќе пишува текст за Глобус, се пријавувам да му направам бесплатна лектура. Ама нема да бидам виновна за последиците ако не си го препознае сопствениот текст.
Археоблог
Аrheoblog