Во еден од клучните општествено-политички периоди за независна Република Македонија сведоци сме на следнава фактичка состојба vis-a-vis медиумиве: лавина на информации за преговорите за името (кои очигледно отидоа во продолжение, спортски кажано) од странски прес-агенции и медиуми, а особено грчки, и трошкичиња на автентични информации од нашите новинари и медиуми:
НАТО и САД ја притискаат Грција
Интерфакс: Неизвесен приемот на Македонија во НАТО
Пазарењето меѓу Атина и Скопје, пред крај, коментира грчкиот печат
Нимиц почнува нов круг преговори за “ноќниот трилер“
Шпиц: Името ќе ги вжешти телефоните во Скопје, Атина и во Вашингтон
НОВА МАКЕДОНИЈА: Македонија мора да биде под чадорот на НАТО
…и така редум. Честа на локалните новинари известувачи колку-толку ја спаси оваа автентична вест:
Тажно е дека во вакви клучни периоди новинарската фела речиси ја снемува (во смисла на наоѓање вистински информации) и не ја извршува својата општествена функција. Токму и затоа постов, за да кога ќе проработат тие како последица на меѓупартиските препукувања, и разно-разни шпекулации од кафеански тип, па ќе има ли избори и слично, да им посочиме, каде бевте кога се биеше битката за НАТО? Овака ни останува да преживуваме една постмодерна медиумски посредувана верзија на странски пропаганди на територијата на Македонија, која ине се разликува многу од оние во XIX-от век.
Ако ја прочиташ убаво веста од Макфакс, ќе видиш дека се повикува на А1
Da, ja barav na sajtot na A1, no uste ima problemi so otvoranje na stranicite. Ako imas link stavi go te molam, fala.
Еве го линкот:
http://www.a1.com.mk/vest.aspx?VestID=90352
Hi! staWaN