Месецот на пролетта пристигна, a ние доцниме со 2 прегледи. Но, нов месец, нов мајндсет. Малку клише муабет. Сепак, во новиот месец ветуваме дека ќе бидеме редовни и дека секоја недела ќе читате актуелни, и воедно интересни, четива. Да започнеме. 🙂
- Вашиот бренд во дигиталниот свет. Дали некогаш сте се запрашале дали некој пишува за вас по социјалните мрежи и медиумите? Дали некој ве тагира во коментар или споменува во видео на YouTube? И многу други начини на кои некој можеби пишувал/зборувал за вас без притоа вие да сте свесни за тоа. Новата стандардизирана алатка на Nielsen Branded Integration Intel ќе ја следи, мери и процени интеграцијата на брендовите, а ќе вклучува и податоци за било какво појавување или споменување на вашите производите.
- Rand Fishkin-less Moz. Минатата недела ко-основачот на Moz, Rand Fishkin, изјави дека официјално ја напушта компанијата. Fishkin го најави неговото заминување уште минатото лето, поттикнат од одлуката да се откаже од позицијата на CEO што ја донесе во 2014-та. Fishkin веќе почна да развива нова компанија, SparkToro, која има за цела да ги поврзе брендовите со својата таргет публика, што значи дека со сигурност ќе го гледаме и читаме во сферата на маркетингот.
- Тетки, чичковци, баби и дедовци. Повеќе од евидентно е дека сè помал и помал број од младата популација е активна на Facebook. Постарата популација преовладува, а тоа не е на арно за Facebook. eMarketer направи студија во која го прикажува падот на активност кај помладите и предвидува дека Facebook ќе изгуби 2 милиони корисници оваа година.
- Chrome со вграден AdBlocker. Google станува судија, порота и егзекуционер на рекламите на интернет. Најголеми се, го држат најпопуларниот веб браузер, Chrome, си направија здружение за подобар интернет и започнаа да го чистат од конкуренција, читај од несоодветните и нападни формати на банери и др. огласи. Дали е тоа коректно? Проценете самите.
- Usabillity + GA. Кратко и јасно бројките од аналитикс може да ги користите како извор за анализа на однесувањето на вашиот сајт. Ова кратко видео од Nielsen Norman Group може да ви помогне следниот пат кога ќе се обидете да направите промена која ќе треба да ги спои податоците од аналитикс и истражување за употребливоста на вашата веб страница.
- Giphy Studios. Гифчињата се несомнено мојата омилена тема на разговор, покрај Инстаграм. Нема зборови, само гифови. Да прикажеш нешто во само 6 секунди… Па тоа е предизвик и бара талент. Студиите покажаа дека луѓето, во просек, имаат спан на фокус помал од 10 секунди, па затоа ве охрабруваме да пробате и вие да креирате 6 секунди на контент. Лидерите на оваа тема, Giphy, покрај тоа што крeираат огромен број на гифови од познати серии, филмови и сл., веќе некое време сериозно работат на производство на гифови. Забавна работа, нема дискусија.
- Почнуваш слушајќи песна, завршуваш гледајќи видео од овца што вика. Firefly Learning направи студија во која преку 2,000 тинејџери на возраст од 11 до 15 години беа испитани за нивните навики на пишување домашна. Поставувајќи го прашањето што најмногу им го одвлекува вниманието од завршување на домашната работа, 24% од одговорите биле YouTube. Не можеме да кажеме дека сме изненадени…
- Ех, да бевме членка на ЕУ. После четири години подготовки и дебатирања, регулацијата за заштита на генералните податоци (GDPR) беше изгласана од Парламентот на ЕУ во април 2016-та година. Две години подоцна, во мај годинава, GDPR стапува во сила. Прочитајте за трите најголеми импликации на Analytics во однос на GDPR.
И овој преглед, бидејќи се натрупаа четива, повелете бонус линкиња на тема Facebook:
- 9 reasons why Facebook PPC Is The Best Paid Traffic Platform
- Top Facebook Updates You Can’t Afford To Miss
- New Report Shows Facebook Usage is in Decline
- Inside Facebook’s Hellish Two Years
Минатата недела излезе и втората епизода од #комкаст во која колегите Дарко и Дарјан разработуваат една многу интересна тема, *ууууу* Dark Social *ууу*. Неделава спремаме и трета, со тоа сме барем редовни. Сега за сега.
До следно читање. 🙂