74 #ПрегледВоПеток

Скокнавме уште еден #ПрегледВоПеток ама еве сме со тазе, дупла доза новости.

Квалитетот секогаш во преден план

Го започнуваме овој преглед во петок со домашна вест, односно интервју. Во интервју за E-commerce, Искра Тикваровска Казанџиевска, која е oдговорна за маркетинг во ЕВН Македонија, зборува за тоа дека квалитетот секогаш треба да е во преден план но и дека услугите мора да бидат на високо ниво. Интересно интервју кое ја пресликува работата на ЕВН низ годините а кое е мошне корисно за сите вас кои работите со услуги и корисничка поддршка.

Лајковите на Facebook “можат да бидат нелегални”

Швајцарскиот суд донесе одлука дека лајковите и шеровите на Facebook можат да бидат земени предвид како нелегално клеветење. Луѓето можат да бидат казнени за споделување или лајкнување на објава дури и ако не ја креирале самите тие. Тука ќе застанам..

Google Crawl and Indexing Update March 1, 2020

Кон крајот на 2019 Google најави дводелен апдејт за тоа како се справува со „nofollows”. Првиот дел што влијае врз SERP е веќе излезен и активен. Вториот апдејт што ќе влијае врз тоа како Google пребарува нови веб страни за да ги индексира излезе изминатава недела.

For crawling and indexing purposes, nofollow will become a hint as of March 1, 2020.

Google’s announcement 

Она што е најбитно за овој апдејт е да бидеш во тек со тоа што се случува бидејќи можно е рангирањето и бројот на посети да претрпат промени. Второ, провери си ја политиката за „nofollow”. Провери каде користиш „nofollow” и види дали ќе треба да го отстраниш или да се префрлиш на meta robots noindex.

Како e-commerce маркетингот ги менува пребарувањето, пазарот и социјалните мрежи

Во интервју за Search Engine Land маркетинг директорите на Procter & Gamble и Under Armour зборуваат за SEO, корисничко искуство и влијанието на D2C. Топло ти препорачувам да го прочиташ, а во продолжение еве за што точно зборуваат.

  • Онлајн трговците не пружаат “возвишено” корисничко искуство.
  • Колку е лесно да влезеш во e-commerce.
  • Дизајнирање персонализирани искуства.
  • D2C како стратегија за истражување на пазарот.
  • Omnichannel: Поврзување на онлајн со офлајн.
  • Структурирани податоци и фидови.

Како коронавирусот влијае врз компаниите

Големите tech компании и социјални мрежи постојано се обидуваат да ги пренасочат луѓето кон навремени и точни информации за вирусот. Дел од работите што ги прават ги прават проактивно.

Пример, Facebook воведе дел во news feed што ги носи корисниците директно на страната на Center for Disease Control каде може да дознаат повеќе за COVID-19. Исто така Марки изјави дека ќе им овозможат на World Health Organization да пуштаат реклами без пари за да промовираат точни информации за кризата.

Може да го истакнеме и Twitter кој кога пребаруваш за коронавирусот ќе те одведе на страна со последните новости од организации за јавно здравје и кредибилни извори на вести. Google им овозможи бесплатен пристап до напредни алатки за стримање на оние кои работат и студираат од дома а се корисници на G Suite.

Значи можело, кога се сака а!

Вирален TikTok танц за превенција на коронавирусот

Кога сме кај коронавирусот, еве уште една вест. Виетнамискиот танчер Quang Dang креираше танц со кој ги потсетува луѓето да мијат раце, да не го фаќаат лицето и да стојат настрана од гужви. Многу нормално дека танцот стана вирален и други корисници почнаа да се снимаат и да го објавуваат со #ghencovychallenge за да ги информираат корисниците како да се заштитат.

Adobe најави голем апдејт на Photoshop

Изминатиот месец Photoshop го прослави својот 30-ти роденден и во таа чест Adobe излезе со голем апдејт на Photoshop за декстоп и за iPad. Во продолжение на кратко што е ново.

  • Content Aware Fill Improvements
  • Lens Blur Improvements
  • Dark Mode Support
  • Performance Improvements
  • Object Selection Tool
  • Type Setting

Логоа креирани од AI

Не се плаши, твојата работа како дизајнер не е под закана од AI. Автоматизираните системи се уште имаат многу за учење кога станува збор за креативност. Чекај, да појаснам.

Пред некоја недела излезе нова алатка за креирање логоа со чија помош можеш да направиш “професионално лого во само неколку кликови”. Fact Company ја тестираа оваа алатка за креирање на алтернативни логоа за некои од најголемите брендови како Apple, Google, McDonald’s и Uber. И погоди што? Резултатите се многу генерички.

Е а кога сме кај логоа Durex се ребрендираше, BMW направи радикални промени во логото иии…иии.. конечно имаме колекција на стари логоа од Југославија.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 🙂