Пред некоја вечер по кој знае пат на една од странските телевизии (а кај повеќето е така) бев сведок како во рамките на ударната вест (во овој случај рекордната цена на нафтата) наместо анкета, како составен дел од прилогот, беа прочитани неколку коментари од веб-сајтот на телевизијата на која е објавена таа вест. Извонредно звучеше, фин, срочен, обмислен глас на гледачот, глас на јавноста.
Кај нашите телевизии не можев да најдам пример во рамките на прилозите за вестите, на сајтовите да можат да се оставаат коментари, иако повеќето дневни весници (Утрински, Дневник, Вечер..) имаат таква опција и мислам дека е одличен форум за читателите. Не знам зошто домашните телевизии се конзервативни во тој поглед, па барем за ова не требаат инвестициони фондови и обуки од ЕУ и слично. Би било фина алтернатива или дополнителна опција на анкетата, а башка и помалку чини, те.е. не чини ништо.
Во А1 веќе подолго време зе размислува за оваа можност. Проблемот е што ние не дозволуваме немодерирани коментари од посетителите, па коментарите нема да може да одат „во живо“ и ќе мора да чекаат некој да биде слободен за да може да ги провери.
Во секој случај, во наредниве неколку месеци сигурно ќе ја има таа опција на сајтот.
Нема ништо лошо во модерација на коментари, се додека тоа е направено со јасно и јавно истакната политика на модерирање која важи за сите подеднакво.
Се сложувам, за да има пристојна дискусија мора да се врши некаков вид на модерација. Времето кое ќе се изгуби пред појавувањето на коментарот ми се чини дека не би било проблем, особено заради тоа што верувам дека нема тоа да биде со денови.
А на тој начи може и да се избегне опасноста коментарите да станат само уште една чет дестинација.