Видеото „15 смртни гревови на македонското новинарство“ е студентски проект на Тијана М. од „New York University Skopje“ и при Факултетот за комуникации и медиуми. Во него се прави обид да се наведат најчестите, а воедно и најголемите, етичко-професионални аномалии на новинарството во Македонија:
Браво за Тјана. Изборот на музиката, ептен легнал 🙂
Еве ме и тука. Веќе пишав дека дијагоназата горе-долу е таа, ама ми се чини дека авторката на видеото, во желбата да има повеќе смртни гревови набројала и некои кои и не се толку смртни, де! Башка морало да се 15, убава бројка шо се помни 🙂 Нема везе..
Сепак, ме уби првиот и ваљда најголемиот грев, според авторката! Зборам за она -„втората мајка“ на Тоше! Емоцијата е смртен новинарски грев на авторката на видеото! 🙂
Тука ми се наѕира уште еден грев, но можеби грешам. Затоа да прашам – Врз основа на кои параметри авторката дознала дека „Емисијата за Тоше“ го однела серијалот „Црни бисери“ во новинарскиот пекол?!!!
Тоа е проверена, паушална или пак религиска оценка од типот – ако збориш лошо за „ангелот“ ќе гориш во пеколот?
Дополнително, сето што е покажано во видеото воглавно држи, ама она што е најбитно според мене е дека во македоснкото новинарство најмногу фалат инфорации. Значи фалат дури и шпекулации и непроверени информации, а да не зборуваме за факти…Сите нешо се расфрлаат со ставови, информации нема…
Како и да е поздрав до Тијана и не се обесхрабрувај!
морам да се сложам со владо дека со бр1 отиде клипот у бестрага 🙂
а фалат битни работи како:
– нарушувањето на презумпцијата на невиност
– баратањето со термини без нивно појаснување и разбирање (пример ИДЕНТИТЕТ)
– преземањето изјави и сл. без авторизација
– внесувањето opinion кога нема место за тоа
Владо, woona, фала за коментарите. Ќе се обидам да приложам авторски одговор на нив, поздрав.
" Врз основа на кои параметри авторката дознала дека „Емисијата за Тоше“ го однела серијалот „Црни бисери“ во новинарскиот пекол?!!! "
Го гледавте настанот? Десетина новинари од кои некои воопшто ни музички новинари и СУДЕА на менаџерката. Ме боли за колку е тоше ангел или ѓаол, воопшто не е тој тема. Темата е форсирање на дебата на жешка тема со цел да се направи популарна емисија, без воопшто да се води обзир за ситуацијата.
Првото и основното прашање е – Која потреба беше да има таква емисија? Која беше поентата?
Мислиш дека тоа е изолиран случај? Еве ти го новинарството од тогаш до денес – Ексклузив, Крема, истото тоа на Сител, ако тие не ти се доволно озбилни емисии ок, сакаш вести на А1 да гледаме, да го слушаме Латас? Што се случи со Шпиц за 6 месеци, од демек серозен весник стана трач и назад пак во сериозен?
Зарем не ги читаш весниците? Ако може да се објави емисија каде 10 новинари ќе малтретираат жена поради смрт на популарна личност копајќи по афери, тогаш што ги спречува утре да го стават Боки13 да води вести?
Се поставуваат стандарди. Во случајот со македонското новинарство тие лимити до каде може да се оди во глупирањето и несериозноста одат до каде што се може.
Да, можеби наште топ 15 листи би биле други, пример еве Вуна што спомна, но give credit where credit is due. А што се однесува до првото место – on the spot.
Можеш да работиш, да грешиш и да се трудиш помалку да грешиш во иднина или да гледаш сеир од страна и да наоаѓаш ситни грешки. На колешката и посакувам што поскоро да почне да работи како новинар. Веројатно ќе „омекне“ малку, кон колегите:))
А за тоа колку е лесно да се бараат грешки кај другите, малку го анализирав клипот.
Се задржав само на 15-тиот смртен грев.
Преслушување?!?!?! Веројатно се мисли на сослушување или „информативен разговор“ во полициска станица. 2:54
„Разголени слики од малолетнички“ или „Цлики од разголени малолетнички“? Може ли сликите да бидат разголени?! 3:18
„А некои ги објавуваат за да ги критикуваат оние кој ги објавиле“. (3:20) Нели е ова контрадикторно на забелешката од 0:17. Таму се забележува на несоодветствувањето по род – „гратче кој“, а овде не соодветствува по број – „оние кој“. Веројатно се мисли на „оние кои“.
„Нашите новинари“. Има и нивни?!?!?! Веројатно се мисли на македонските новинари. 3:28
„Весникот е очигледно нетолерантен кон малолетните, за кој е еднакво достапен…“ (4:21) Повотрно несовпаѓање по број – „Малолетните за кои..“
Читајки или читајќи? 4:29
Самошто??? 5:27
Наоружете или вооружете? 5:38
За чија среќа? 5:45
Заљубен или вљубен? 5:53
Честитки за видеото, треба вакви нешта што повеќе, но дали граматиката, правописот или воопшто јазикот треба да се на последно место? Може ли некој да биде одличен хирург без да ги знае инструментите?
Зборот "фабрицирал" кој што го користи Татјана не постои во македонскиот речник!!!
Зборот "фабрицирал" кој што го користи Тијана не постои во македонскиот речник!!!
Wow, superb blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your web site is great, let alone the content!. Thanks For Your article about Гревовите на новинарÑтвото | К О М У РИ К РЦ И И .