Да немав интернет…

BBC започна една голема приказна по повод 20 години од постоењето на Интернет. И македонскиот BBC преведува некои од овие работи. Темата е голема, а еден дел од неа е посветен на споделување на ставови и изјави за тоа што значи интернетот за секој од нас. Мите си го кажал неговото (и на моменти лошо го скратиле) а јас еве сега ќе си го кажам своето:

значи, да немав интернет:

  1. Немаше да можам да ви пишам на мојов блог во кој имам вложено многу а тој ми има вратено со иста мера назад 🙂
  2. Немаше да можам да знам дека BBC пишува на оваа тема, зошто вести на радио скоро и да не слушам, се читам на интернет
  3. Немаше да запознаам еден куп одлични луѓе со кои денес редовно комуницирам на различни теми
  4. Немаше да можам да му нарачувам на брат ми да му купува разни глупости на интеренет за да ги донесе кога иде за Америка (таму нели поефтино е)
  5. Немаше да го работам она што го работам сега, затоа што работам БАШ ИНТЕРНЕТ.

За да го направиме ова баш како што тоа се прави на интернет (вирално), ги повикувам сега да кажат што би правеле Виктор, Марјан, Сеад, Ribaro и Владо без интернет.

*ако не ти е јасно зошто овој рутер е тука, гледај ја оваа епизода на South Park

14 Comments Да немав интернет…

  1. Pingback: Да не постоеше интернет немаше никогаш да … » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©

  2. Pingback: Археолошки дневник vol.3 » Да не постоеше интернет немаше никогаш да …

  3. Pingback: ;-) Развигор » Како интернет ти го сменил животот?

  4. PRoom-blog 10/03/2010 at 00:14

    Ех, да немаше Интернет:

    – веројатно немаше да се запишам на постдипломски (така ги најдов, преку Интернет)

    – немаше да бидам будна до 5 сабајле

    – немаше да познавам голем дел од моите сегашни пријатели

    – немаше да можам да си резервирам хотел во Ница

    – немаше да можам да ги изненадувам луѓето што ми значат, а се далеку, со поклони

    И сигурно немаше да знам дека еден ден Интернетот ќе умре 😉

    П.С. Јас, иако не повикана, си кажав што мислам

  5. Pingback: Ако немаше интернет... | Ribaro MK

  6. Pingback: Да немав интернет… ? | Ky3MaH0B

  7. Pingback: kuzman0v » Blog Archive » Да немав интернет… ?

  8. Anisgenis 13/03/2010 at 20:50

    Da nemav internet , nemase da procitam za Vas

  9. Pingback: Global Voices Online » Macedonia: If There Was No Internet

  10. Pingback: Macedonia: If There Was No Internet :: Elites TV

  11. Pingback: Macedonia: If There Was No Internet | News, Music for all

  12. Pingback: Global Voices teny Malagasy » Masedoana: Raha tsy nisy ny aterineto

  13. Pingback: Global Voices po polsku » Macedonia: Gdyby nie było internetu

  14. airport shuttle 21/11/2012 at 05:29

    Saint Francis de Sales~ There was never an angry man that thought his anger unjust.

Comments are closed.