Киснете на работа, не се прибирате дома, постојано се трудите да напредувате во својата работа. И тоа не ви е доволно, сакате и попладне да одите нешто паметно да научите?
Или добро, еве и друго сценарио: Од секогаш сте сакале да се остручите во некоја работа и да бидете вистински професионалец кој знае да комуницира во секоја прилика и да ја претставува својата или работата на организацијата.
Или накратко, сценарио три: Сакате новинарите да ве слушаат 🙂
Еве едно можно решение. Школа за односи со јавноста, во организација на НВО Инфоцентарот и Амвон комуникации. Еден месец, три пати на ден неделно, и тоа попладне. Добитна комбинација.
Предавачи на школата се искусни и креативни експерти за односи со јавноста, новинари, психолози, истражувачи и аналитичари. Школата е наменета за претставници на граѓански здруженија и фондации, домашни и странски инстуции, јавна администрација и бизнис сектор. …НВО Инфоцентар
Разгледајте ја убаво програмата, изгледа интересно.
Еден месец, три пати на ден…
Звучи доста напорно, тешко учениците. 🙂