Зошто сеуште гледаме ТВ?

Деновиве низ интернетов беа објавени резултатите од едно истражување спроведено за Google во Англија на тема медиуми и нивна употреба. (silicon.com)
За ова истражување кратко постираше и Јован пренесувајќи преку хрватски Bug

Констатација на Јован беше дека ги шиеме Англичаните во гледање телевизија (вести и сапуници).

Иако тоа е точно (претходен пост) сепак мислам дека причината за ваквите бројки треба да ја бараме на друго место.

Еден преходен мој пост малку посвети внимание на надворешниот еко систем кој е поврзан со дигиталните медиуми, на слична тема (медиа еко систем) деновиве читав еден текст објавен во The Guardian со наслов The age of permanent net revolution. Овој текст се осврнува на поголемата слика, генерално на медиа еко системот.

Токму таму (верувам) дека најдов една клучна причина која ја објаснува ситуацијата зошто Македонците гледаат повеќе ТВ од Англичаните, нели покрај онаа која вели дека немаат работа па седат дома и гледааат телевизија.

Развиен медиа еко систем подразбира ситуација во која новите медиуми или т.н. pull медиуми ја сегментираат публика многу повеќе отколку што во минатотo (па и денес) го правеле push медиумите (малку => многу) и со тоа ја крадат нивната публиката и и` наметнуваат нови стандарди.

Ако се земе предвид дека овие првиве (pull) медиуми кај нас се на многу ниско ниво лесно може да се заклучи дека во иднина може да очекуваме само дополнително зголемување на оваа разлика меѓу нас и англичаните (или сличните на нив) но тоа воопшто не значи дека Македонците посветуваат многу повеќе време на медиумите.

Во светот полека но сигурно доаѓа крајот на broadcasting ерата. (broadcasting=>re-broadcasting)

А кај нас?? Тажно но не можеме јасно да го видиме ни почетокот.

1 Comment Зошто сеуште гледаме ТВ?

  1. airport transfer mel 21/11/2012 at 05:46

    Don't put all you eggs in one basket. – Portuguese Proverb

Comments are closed.