Медиумска писменост во Македонија

Многу пати до сега и на блогов но и на други јавни и не толку јавни дискусии сме ја потенцирале потребата од медиумска едукација односно подобрување на медиумската писменост на општата публика во МК, а особено младите. И конечно во МК има проект кој се обидува да влијае позитивно во оваа насока. Јас и Сеад сме дел од тимот кој ги спроведува обуките а за овој пост го замолив Марко Трошановски да ми пише некој ред повеќе за оваа тема и проектот кој го работиме. Еве што тој издвои за оваа прилика:

Со цел македонската млада популација, но и останатите граѓани подготвено да ги пречекаат, примат и споделат безбројте информации на кои се изложени од самото раѓање потребно е истите да бидат медиумски писмени. Во таа насока проектот Унапредување на медиумската писменост во Македонија се стреми да ги внесе знаењата и вештините на медиумската писменост во процесот на образование и да ја издигне свесноста за важноста на оваа тема во секојдневието.

[дополнување 23.03] Проектот го започнаа Македонскиот институт за медиуми, Инситутот за Демократија во Македонија и холандскиот партнер Европскиот новинарски центар во соработка со Бирото за разој на образованието при Министерстовото за образование и наука.  Проектот го финансира Министерството за надоврешни работи на кралството Холандија преку програмата МАТРА.

Медиумите повеќе не се дел од нашите животи, ниту пак ги определуваат нашите животи, во својата сеприсутност тие се нашите животи! Македонскиот медиумски пејзаж се карактеризира со таблоидизација, отсуство на длабинско известување и етничка поларизација. Испреплетеноста на медиумски и политички интереси, доминацијата на забавни програми и комерцијални пораки секојдневно влијаат на светогледите на публиката. Овие трендови и наштетуваат на јавната дебата и граѓанската култура на македонското општество и го обременуваат човечкиот капитал со манипулативни информации.

mediumska-pismenost

Медиумска писменост е нов пристап во образованието. Таа е рамка за анализирање, проценување, креирање и учество преку употреба на медиумски пораки во различни форми (од печат, преку видео до интернет), разбирање на улогата на медиумите во општеството, суштинските вештини за истражување и само-изразување на граѓаните во демократијата. Таа е учење ЗА медиумите, а не учење ПРЕКУ медиумите.

Гореспоменатите знаења и вештини ќе ги стекнуваат учениците од 5 до 8 одд. и учениците во средно училиште во рамки на предметот мајчин јазик. Проектот има за цел да ги обучи сите наставници по мајчин јазик во Македонија со што ќе се опфатат генерациите на ученици на кои овие знаења им се најпотребни. Преку проектот во овој предмет во почетокот на 2011 ќе се воведат неколку наставни единици кои се однесуваат на вовед во медиумска писменост, стереотипизирање и медиусмко претставување, медиуми и политика, новинарство и создавање на медиумски пораки како и нови медиуми.

За потребите на овој проект, но и како ресурсен центар за оваа тема создаден е сајтот mediumskapismenost.edu.mk
Во моментов не е со полна пареа, но малку по малку тој се полни со содржина која, се надеваме, ќе биде корисна за секого.

Во знак на поддршка, комуникации.нет постави и банер (горе десно) за поголема промоција на медиумската писменост, како основна потреба, но и самиот проект кој е прв од овој размер во нашава земја.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

4 Comments Медиумска писменост во Македонија

  1. Неписмен 11/03/2010 at 23:05

    Прво смени BLOROLL во BLOGROLL.

  2. Darko Buldioski 11/03/2010 at 23:20

    Хахахах, да знаеш само колку време стои ова така грешно…. 🙂 никој го нема приметено.

    Исправено е . Фала за забелшката.

  3. kihuПотру 12/03/2010 at 17:20

    ви посакувам успех со овој проект 🙂

  4. melbourne airport ta 21/11/2012 at 05:11

    James Gould Cozzens~ Be virtuous and youll be happy Nonsense Be happy and youll begin to be virtuous.

Comments are closed.