Неделава ни стигна зимата по трет пат сезонава, а исто така стигнаа и доста интересни новини за новиот #ПрегледВоПеток 🙂
Payoneer со локален тим во Србија
Србија е една од топ 10 фриленс земји во светот, а во 2020та го засили своето место со пораст на фриленсерите од околу 20%. Затоа не е ни чудно што Payoneer ја смета за еден од клучните пазари за развој и што компанијата одлучи да формира нов локален тим таму. Никола Механџиќ, по цела деценија помината во Mastercard, застанува на чело на српскиот Payoneer тим, а Netokracija направија одлично интервју со него за сите планирани активности на компанијата во Србија.
Најразочарувачките алгоритми за Mashable
Ова е вест од 2020, но е толку детална и сите можеме да се препознаеме во неа, што си го заслужува своето место на долго и широко во овој преглед. Имено, Chris Taylor од Mashable реши дека е време да им се каже на Netflix, YouTube и Spotify колку разочарувачко и бескорисно алгоритам пријателство градат со своите корисници.
Подетално, тој му се налути на Netflix, кога во 2017та ги замени предлозите на филмови со корисничко рангирањето со рангирањето од страна на компанијата, му се налути на YouTube што форсира контроверзни видеа во предлози за гледање и не се грижи за сентиментот на корисниците и му се налути на Spotify за едноличните предлози на жанр на музика.
На крајот бара од нив да се потрудат малку повеќе да си ги запознаат корисниците и да ги адаптираат нивните предлози на корисничките искуства и потреби.
Google Maps стануваат уште полесни за користење
Новините кои апликацијата ги воведе ги прават мапите поинтерактивни, олеснувајќи им на корисниците да споделуваат фотографии од локации што ги посетуваат.
Меѓу новитетите што беа објавени во четвртокот е „ажурирање на фотографии“, што ќе им помогне на луѓето да добијат подобра информација за местата што размислуваат да ги посетат… Исто така го олеснува пријавувањето на промени на патиштата, додавајќи опција за „Уреди ја мапата“
Компанијата објави дека сега има 150 милиони „Локални водичи“ – корисници кои редовно придонесуваат со прегледи, фотографии и информации на мапите. Во 2020 година, локалните водичи додадоа повеќе од 8 милиони места во апликацијата.
TikTok формира Совет за прегледување и уредување на објавена содржина
По неколкуте скандали кои го следеа во изминатиов период, како самоубиства на неколку малолетници во Европа, TikTok обединува надворешни експерти од области како што се безбедноста на децата, менталното здравје на младите и екстремизмот и формира Советодавно тело за безбедност што ќе му помогне во уредување на содржината во регионот.
Советот ќе обедини лидери од академијата и граѓанското општество од цела Европа, девет лица во својот чија основна цел е да внесуват надворешна експертиза во борбата против силеџиство, одржување на ментално здравје на младите и дигитално родителство; сексуална експлоатација / злоупотреба на деца на Интернет; екстремизам и дерадикализација; анти-пристрасност / дискриминација и злосторства од омраза. Оваа група што вели ќе се прошири со додавање на повеќе членови од повеќе земји и различни области на експертиза.
Facebook во (ин)директен напад на TikTok
Креаторите на видео содржина на Facebook ќе имаат можност да си го монетизираат трудот. Тие ќе заработуваат пари од едноминутните видеа и од стримовите во живо. Дополнително, Facebook отвoра можности за рекламирање за повеќе корисници.
Претходно, програмата за монетизација на Facebook опфаќаше видеа што требаше да траат најмалку три минути, а заработката од стримови во живо беше само по покана. Најновата надградба ќе го прошири бројот на корисници кои ќе можат да заработат пари од своите видеа на Фејсбук.
Ова може да се сфати како обид да му се конкурира на TikTok, бидејќи овозможува полесен начин за заработка и ја прави апликацијата поконкурентна за генерирање приход од начинот на кој што корисниците заработуваат од TikTok.
Бонус линкови
- Lou Ottens, Creator of the Audio Cassette Tape, Has Died at 94
- Twitter is Testing a New ‘Undo’ Option for Sent Tweets
- It’s not just a social media problem – how search engines spread misinformation
- Think Twice Before Posting Your Vaccine Card on Social Media
- Instagram Launches Revised Instagram Lite App in 170 Regions
Чувајте се до следниот #ПрегледВоПеток 🙂