Foursquare заедницо ајде во акција!

Ако сте активни на Twitter и на Facebook, сигурно забележавте дека деновиве одредена група корисници малку ве спамираа со повикување на акција да освоиме беџ за нашето мило Скопје. Поведени од минатата акција, во која успеавме да го освоиме Super Swarm беџот, сметаме дека има критична заедница корисници на Foursquare која треба да се активира и за оваа акција. Ако си foursquare-џија тогаш задолжително прочитај го постот на Ива и почни да делуваш веднаш. Ива активно се намачи околу акцијата и склопи една фина листа, ја украси со фотографии, ги уреди препораките за местата и не загреа сите да се активираме во масовно чекирање, прикачување фотографии и пишување дополнителни препораки за местата.

Ива уште еднаш повикува на акција, а ние како редовни корисници на Foursquare се чувствуваме должни да го реобјавиме повикот. Еве што таа напиша:

Многу ми е мило што акцијата за беџ на Скопје им се допадна на доста македонски Foursquare корисници, па така мотивирани од идејата Скопје да добие значајно место на мапата на Foursquare, започнавме да се организираме.

Првиот чекор е веќе завршен. Листата на локации е направена, и поставена тука: https://foursquare.com/notsocialmedia/list/skopje-4sqcities (oгромно благодарам до сите кои помогнаа во нејзиното креирање). Сугестии се сè уште добредојдени, особено ако сметате дека некои пофреквентни локации со многу check ins се испуштени. Засега, 218 Foursquare корисници ја следат листата, а веќе почнуваат да пристигнуваат и првите фотографии и tips.

Следен чекор е и најважниот. Во периодот до 22ри март, потребно е да направиме што повеќе check ins, да прикачиме интересни фотографии од локациите кои ги посетуваме, и да оставиме tips за сите оние кои во иднина ќе ги посетат. Исто толку значајно како чекирањето е и споделувањето на информациите за оваа мала акција. Секој share/retweet/pin има потенцијал да донесе нови чекирања, а со тоа и да нè одведе поблиску до беџот.

Време имаме и повеќе од доволно, сè што преостанува е да ги земеме мобилните во раце и да го „отклучиме“ Скопје 🙂

Ако денес сте заборавиле да се чекирате, одма на работа :). Ајде да направиме уште една убава приказна за која ќе се зборува.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Foursquare заедницо ајде во акција!

  1. Anonymous 16/03/2012 at 03:31

    Несум од Скопје ама многу го Сакам, како и цела Македонија (иако никогаш не сум била тука!) и едвај чекам да дојдам и побарам сите локации 🙂 Македонците се многу јаки кога реше да освојат нешо и воопшто не сумњам дека Скопје ќе има својот беџ.

    П.С. – Надам се да сам све добро написала! 🙂 Поздрав!

    1. Наталија Стефановска 16/03/2012 at 10:33

      Одлично Тијана, со неколку грешки сигурно зборуваш подобро македонски отколку јас српски :(. Ти благодариме за поддршката, и ние се надеваме дека и оваа акција ќе биде успешна, иако овој пат имаме гоооолема конкуренција. И те очекуваме на дружба во Скопје :).

Comments are closed.