Заземете став !?!

Последниве неколку дена посериозниве мк блогери (без намера за навреда или возвишување) се обидоа да се побараат себеси во развојот на МБЗ. На дискусијата која започна преку неколку постови на Филип, па потоа кај Анти,1, 2 па кај мене, па кај Јован, Вуна (најтопла препорака), еве сега некои делови се спомнуваат и кај Жаре.

Се обидувам да ги изземам сите лични, политички, интелектуални и секакви други препирања и да извлечам еден мој став. Доколку не ви се допаѓа слободно игнорирајте го.

  • Право да бидат дел од блогосферата имаат сите, не само оние кои имаат блогови.
    Кој одлучува кој е дел од блогосферата а кој не??

  • Не мора за се што сакаш да кажеш да креираш сопствен пост.
    Која е целта на коментарите тогаш??

  • Коментарите на еден блог во најголема мера зависат од стилот и карактеристиките на блогот т.е. личноста која стои зад него.
    Каква атмосфера ќе создадеш такви дебати и ќе се одвиваат.

Зад секој од овие ставови стои подетално објаснување, но за тоа можеби на некоја од следните блогерски средби 🙂
___________________
Дополнување: (14.03) сум ја пропуштил Би

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Заземете став !?!

  1. .аНТИ 13/03/2006 at 16:40

    Ја зазедов став, ама изглеа не го дообјаснив. Ај попладнево ќе пишам нешто – за етиката на коментирањето, за цензурата и за Коља паника

Comments are closed.