Топ 10 вести на неделата

10. Коњ гризна девојка: Од кога се вакви бизарни случки топ вести, плус на насловна страница плус известувано во наредните денови во серија, фали уште ексклузивно интервју со коњот, и неговата страна на приказната (сигурно ќе ја обвинеше владата за неговата состојба). Инаку здруженијата за заштита на правата на животните требаше да реагираат бидејќи сликата на насловната страница не е на осомничениот туку на некој друг невин припадник на овој благороден животински вид. Но, за невиноста нешто подолу…

9. Лидерот на АНА бил како невина девојка?! од Шоуто наречено Вечер: Од интервјуто со оригинален наслов „Мајка ми ме роди, Албанија ме прероди“ клучна информација било играта со зборот „невин“? И што е уште поинтерсно Вечер за прв пат во историјата на новинарствово екслузивно објавува емаилови на своите „соработници“:

Имено по електронски пат од извесен (ivica_stankovic@hotmail.com) испратено до нашата Редакција пристигна меил во кој стоеше документ издаден на 22 мај 2003 година од Американската амбасада во Белград со ознаки на ЦИА. На документот има фотографија од средовечен човек, неколку реда текст и генералии на лидерот на АНА во Македонија, Гафур Адили. Според документот, чија автентичност на содржината деновиве треба да ни ја потврди амбасадата на САД во Белград, озлогласениот кичевец кој е ставен на црната листа на Европската унија е оперативец на нивната тајна служба.

8. Повисоките луѓе се помалку љубоморни?; Нај-безвезна псевдо-психологија/статистика без поента на неделата.

7. Дрва пред влада: Е па не биле само Вечер махери за игри со зборови. Редакцијата на Вест, со уште една „фабулозна“ јазична пошалица. Ма красно!

6. Водата во Беровско езеро е со лош квалитет но може да се пие; Штоо?!? И сега што да правиме, да пиеме, или не од езерото? Дефинитивно најконфузен псевдо-експертски рапорт на неделата 🙂

5. Половина милион луѓе вчера беа заедно: Извонредна комбинација на про-комуњарски дух и весела метематика. Јас ќе кажам дека два милиона луѓе дента беа заедно (или со некого), но тоа пак нема (блага) врска со дрвата од вест број 7 :).

4. ВЕЧЕР е лидер! Најчитан македонски медиум на интернет; Пошалица на неделата, darko 156 напиша нешто, say no more 🙂 За волја на вистината Вечер се лидери, но останува да се дијагностицира во што?

3. Фуере: Не сум магионичар да го вратам Тачи; Момент прв: оние помеѓу нас кои мислеа дека Фуере е леприкан сега останаа разочарани, момент втор: ЕУ признава дека за Македонија единствен лек се волшебници од типот на Коперфилд, Дејвид Блејн и другите од здружението на независни трик мајстори.

2. Украле кола, се сексале и ја оставиле; Пример пар-екселанс (ај да не шкрабам на француски 🙂 за истражувачко новинарство:

Арамии украле автомобил, се сексале во него па го баталиле на забутан паркинг простор. Полицијата вчера го пронајде украденото возило во кое крадците се сексале, по што го оставиле отворено и заминале. Автомобилот бил лоциран откако добиле повик од жител од населбата Аеродром дека подолго време стои кола која никој не ја вози. Колата марка тико била оставена под дрво на паркинг кај зградата број 4 на булеварот АВНОЈ, позади ресторанот Три Бисери. Кога пристигнала полицијата во возилото имало само расфрлани пакетчиња од искористените кондоми.

(1) Каква бравурозна репортажа, со бројки, податоци, цитирани извор и се редум, (2) Фуере не е маѓионичар, но затоа овие анонимци веројатно се, секс во Тико, па тоа речиси е рамно на секс во Фиќо, (3) „Автомобилот ми го украдоа пред зграда на паркингот кај Мекдоналдс во Аеродром, пред неполни три недели. Го паркирав во седум часот навечер, а по само неполн час кога излегов автомобилот веќе го немаше. Немаше ниту остатоци од искршено стакло. Кражбата веднаш ја пријавив во полиција. Денес ми се јавија дека колата е пронајдена на само 500 метри (?!?) од местото каде што последен пат ја паркирав” – вели сопственикот на пронајденото возило, кој најави дека веднаш ќе го носи на хемиско чистење поради сексуалните активности на крадците во колата 4. Протестирам, ние читателите останавме неинформирани дали се работи за хомо или хетеро сексуален ак(а)т, оти во истражувачката сторија не е наведена ниту една именка која се однесува на осомничените а да е во женски род (арамии, крадци, ?).

1. Боцевски:Владата работи нормално: Боцевски во извонредна интерпретација на бившиот ирачки (садамов) министер Мохамед Ал Сахаф (Mohammed Saeed Al Sahaf 🙂

Бонус: Спин (фелш) на неделата: Тачи: „Оваа одлука (напуштање на владата) не е насочена против никого, ни против ВМРО-ДПМНЕ, ни против ДУИ, ни против СДСМ, ни против Македонците, туку напротив е про државата Македонија, про суверенитетот и интегритетот на Македонија и про патот кон евроатлантските интеграции“…да, про Македонија во НАТО 2014.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

11 Comments Топ 10 вести на неделата

  1. Darko Buldioski 14/03/2008 at 11:28

    За број 2, имав подобар наслов: Стамбените кредите сеуште недостапни 🙂

    Листава е лудница. респект

  2. Dok 14/03/2008 at 12:13

    Сеад, супер ти е листава, ама добро прашање е е зошто е таква. Мојата теорија на заговор вели вака…

    Медиумите буткаат вакви вести затоа што од публика им остана само читачи на вакви вести, ние останатите си читаме Guardian Online или посреќните од нас како јас и Дарко PlanB

  3. Ванчо 14/03/2008 at 12:16

    Одлично!!!

    Многу забавно (а сепак тажно).

  4. sead93 14/03/2008 at 12:33

    Dok, мислам дека си 100% во право, само уште спонзорите на „медиумиве“ да сфатат кај е вистинската публика, т.е. јавност 🙂

  5. Џаман 14/03/2008 at 15:06

    забавно-тажно

    но дали е намерно

    мислам формирана таква публика

  6. dok 14/03/2008 at 15:22

    Џаман, мислам дека не е намерно формирана таква публика, од проста причина што за да седнеш и да си скроиш публика по мерка треба план. Мислам дека во Македонија не постои the man with the plan. Баш сакам да бидам демантиран.

    Сеад, мислиш на клиентите кои објавуваат реклами или баш на хард=кор спонзори кои по директива уплаќаат средства во медиумот на име реклама? Жално е дека огласувачите ги доживуваме како спонзори, а не како клиенти. И за тоа си се виновни самите медиуми – сами така ги крстија, а веројатно и пријатно им е да бидат спонзоруши.

    За ова можеш на долго и на пироко да се расприкажеш во некој пост ако веќе не си го сторил тоа 😉

    Убав викенд на сите. Поздрав

  7. Anonymous 14/03/2008 at 15:33

    Не ми е јасно што е целта на написов? Од 1.000 вести објавени во медиумите неделава, сте копале, копале и сте ги ископале десетте најглупави. И што сега?

    Некои од медиумите што ги спомнувате се таблоиди и имаат само такви вести. Меѓутоа, таблоиди не се измислени во Македонија. И мене не ми се допаѓаат, па не ги читам и не ни помислувам на нив.

    Што се однесува до веста земена од А1, веста стоеше саат-два на 7-8 место во топ вестите, а потоа, кога почнаа да идат „главните“ вести „падна“ долу. Меѓутоа, сајтот на А1 не е зборник на трудови од психологија. Кој што сака научно поткрепени информации за тоа кои луѓе се пољубоморни сигурно има други извори на информации.

  8. sead93 14/03/2008 at 15:34

    dok, во право си дека коректниот збор е огласувачи, но за поголемиот број од нив газдата е и спонзор, а колку е исплатлив медиумот сам по себе е прилично тешко да се одговори (јас мислам дека повеќето работат со загуби). Идејата ти е супер (фала), секако при доволно време и подготвени информации ќе напишам или јас или Дарко нешто за односот медиум-спонзор, вака локално земено, ветување 🙂

  9. sead93 14/03/2008 at 15:41

    Стеван, ако внимателно ги прочиташ коментарите ќе видиш на која воденица оди муабетот, а со тоа и поентата или мотивацијата за постот: (1) медиумите ја потценуваат образуваноста на публиката, (2) медиумите стануваат машини за забава, во која жртва станува информирањето (на сите ни требаат информации, нели, затоа и плаќаме интернет, купуваме весници и слично?), (3) интернетот оформува нов вид на пообразувана и покритична публика која не верува на секоја шарена лаж(г)а што и е фрлена. Кон А1 ТВ во смисла на информирање имам одредена, мислам објективна/неутрална, почит, и секако не се во „Куќата на славните наши таблоиди“ 🙂 но мислам дека лошо си правите кога пласирате такви прилози кои не се за таков медиум, тие повеќе се за оние забавни портали од типот на кајгана, он нет и слично. Мое мислење, а публиката си го кажува тоа со тоа колку гледа, чита и слично.

  10. Anonymous 14/03/2008 at 16:00

    Сега се сетив на една анализа што ја читав пред неколку месеци, ама не можам да се сетам каде, а се однесуваше на тиражот на весниците во Велика Британија. Поентата беше дека за разлика од приодот од седумдесеттите години и претходно, од осумдесеттите наваму тиражот на таблоидите е осетно намален и повеќе не може да се мери со тиражот на „озбилните“ дневни весници.

    Објаснувањето беше дека за разлика од претходно, кога во општеството во Британија доминирала работничката класа, од крајот на седумдесеттите години доминира средната класа, која е со повисоко ниво на образование и едноставно ги игнорира таблоидите.

    Значи некои работи ќе се случат тогаш кога општеството како целина ќе биде спремно и не може на сила да се забрзаат.

  11. sead93 14/03/2008 at 16:09

    Стеван, апсолутно се спогласувам, ако најдеш линк до студијата стави го, фала. Треба време, но самото поминување на времето не менува ништо само од себе, треба активности, а иронијата е едно од најдобрите средства во таа смисла, за правење чекори напред. Јас ја разбирам чувтствителноста на медиумите, дека они работат, а ние нешто правиме сеир, и се линкаме еден со друг, но има поента тоа критиукување, тоа е за општо добро. Во крајна линија кога купувате зеленчук на пазар, имате право не само да одберете туку и да му кажете мислење на продавачот ако му се скапани доматите или сл. 🙂 Тоа р затоа што се работи за јавна работа, а кој што се прави дома тоа е сосема друг „универзум“.

Comments are closed.