Време е за преглед во петок!

1. Facebook ќе се фокусира на приватноста
Изминатата недела, Марки објави текст во кој зборува за нова визија за социјалните мрежи која ќе се фокусира на приватноста. Што ќе значи ова за брендовите и платформата? Веќе подолго време го чувствуваме “падот” на социјалните мрежи. Иако големите брендови ќе останат релевантни, помалите бизниси се во постојана потрага по други начини за поврзување со публиката. Без податоците кои Facebook сега ги користи за таргетирање, како ќе има монетизација на платформата? Модел на претплата е еден начин, но не верувам дека ова ќе се случи. Можеме да очекуваме контролиран пристап на брендовите, а фактот што брендовите сега може да се вклучат во приватни Facebook групи (кога ќе им биде одобрен пристап) е само првиот чекор. Брендовите, маркетерите и агенциите ќе треба да смислат нова стратегија која ќе се фокусира на поврзување со публиката во “private social environments”.
2. Моделот на Google Ads се менува од second во first-price auction
Google прави промени во дел од својот систем што најверојатно ќе резултира во повисоки цени за рекламирање. “Со поедноставување на наддавањето во Ad Manager, корисниците ќе добијат подобри резултати во рекламирањето.”, изјави Google во блог пост изминатата недела. Ова е голем и ризичен потег со оглед на тоа дека Google со години работи на second-price auction моделот. Бидејќи промената ќе бара да се направат промени во стратегијата и од двете страни (купувачите и продавачите), Google ќе премине во first-price auction моделот за неколку месеци со цел да имаме време да се подготвиме и прилагодиме за тоа што следи. Оваа промена нема да има влијание на рекламите на Google Search, AdSense for Search и YouTubе. За почеток ќе се тестира само преку нивната DoubleClick платформа.
3. Алгоритмите (ќе) го управуваат светот!
Постојано сме опкружени со алгоритми, во сѐ што правиме, од сурфање на интернет до донесување на финансиски одлуки. Многу истражувачи веруваат дека со тек на време улогите на информатичката технологија и луѓето се имаат сменето. Dionysios Dementis, професор на Hull University во Англија, го пишува следново. “Во минатото, ние луѓето ја користевме технологијата како алатка. Сега, технологијата е толку напредна што нè користи и контролира нас.“. Demetis вели дека алгоритмите и машините имаат големо влијание врз нас и нивното однесување може да биде непредвидливо. Изборот да им се препушти носењето на одлуки на машините може да доведе до доминација на машините, според Demetis. Треба да одлучиме што значи ова за нас како индивидуалци и како општество. Додека сè уште можеме.
4. Nutella тестира voice commerce
Nutella е една од првите компании во САД што ја користи апликацијата “send me a sample”. Оваа апликација доставува бесплатна тегличка Nutella крем на луѓето кои ја имаат инсталирано на нивните Amazon или Google voice assistants. Кога некој ќе каже “send me a sample” од нешто (името на брендот), апликацијата прави нарачка и зема информации за достава од Amazon или Google корисничката сметка што е поврзана. Гласовното пребарување, и општо користење на апликации со помош на твојот глас, станува многу популарно и многумина веруваат дека за кратко време ќе има големо влијание врз купувачите.
5. Кажи НЕ за малите фонтови!
Многу луѓе забораваат дека фонтот не се адаптира на големината на екранот на телефонот кога ќе ги објават нивните зборови како слика. Ова е најголемото злодело на сите ресторани и нивните менија. Зошто да одам на веб страната на некој ресторан ако на крајот завршам на PDF фајл од менито кое има фонт со големина на атом? Не мора да биде вака. Не треба да биде вака.
Бонус линкови
Овде завршува денешното издание на преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
До следниот преглед во петок! 🙂