Младите ги преферираат социјалните мрежи наспроти блогирањето

Веќе некое време е излезен извештајот „Социјалните медиуми и младите“ на Pew Internet. Една од главните точки во извештајот е опаѓањето на интересот кај младите за блогирање и за коментирање на блогови без притоа да имаат сопствен блог. Ова како податок ми падна во очи и размислував која е причината/те во период од 3 години младите да го имаат изгубено интересот за блоговите. Прво ќе одиме со главните заклучици од истражувањето, а после ќе ги дадам причините за опѓањето на интересот кај младите за блоговите кои успеав да ги рафинирам со помош на дискусијата која ја имав со Дарко.

Резултати од истrажувањето на Pew Internet

  • 14% од тинејџерите кои користат интернет блогираат за разлика од 2006 година кога оваа бројка била 28%
  • Исто така има пад и во коментирањето на блогови од страна на тинејџерите од 76% во 2006 година на 52% денес
  • За споредба, блогирањето кај возрасната популација останала горе-доле стабилна во последниве години. Според истражувањето на Pew Internet од 2005 па до денес, грубо земено секој 10-ти возрасен кој користи интернет има свој блог.

Додека блогирањето помеѓу возрасните останува речиси исто кај одредени старосни групи во последните години драматично се променува.

  • Во декември 2007, 24% интернет корисниците на 18-29 години изјавиле дека имаат сопствен блог за разлика од 7% блогери од оние на 30 години и повеќе
  • Во 2009, само 15% интернет корисниците на 18-29 години имаат блог, што претставува пад од 9 процентни поени за само 2 години. Додека 11% од интернет корисниците на 30 и повеќе години сега имаат сопствен блог.

Причини за опаѓање на интересот кај младите за блогирање

  • Прва и наједноставна причина: Facebook. Со можноста да се остави статус на интернет страните за социјално вмрежување, потребата да се комуницира во подолга форма како реченици или параграф повеќе не е потребна. Наместо да се сумира целиот ден во блог пост на пример, младите можат едноставно да го ажурираат својот статус на Facebook повеќе пати во денот. Овие кратки содржини, кои наликуваат на секогаш популарните СМС пораки помеѓу младите, се полесни за примање затоа што содржат мало количество на информација. Одземаат неколку секунди да се прочитаат, а не минути. Коментирањето исто така одзема кратко време. Со оглед на тоа дека скоро секој има повеќе стотини пријатели на интернет страниците за социјално вмрежување ова инстант комуникација и тоа како има вредност. На ова како поткрепа може да се додаде и податокот од истражувањето кое вели дека дури 72% од интернет корисниците на 18-29 години ги преферираат интернет страниците за социјално вмрежување како примарен канал за комуникација.
  • Втора причина е информациска презаситеност. Судрувајќи се секој ден со СМС пораки, телофонски разговори, ажурирање на статуси на Facebook и на други социјални мрежи младите едноставно се дават во комуникација. И кога има толку многу информации едноставно најлесно е да се изостават оние канали на комуникација каде се бара повеќе време, повеќе внимание и концентрација.
  • Трета причина се мобилните телефони. Се повеќе младите читаат и создаваат содржина преку нивните мобилни телефони. Добрата страна е што нудат голема мобилност и следење на комуникацијата во реално време, но самата технологија налага и предодредува примање и праќање на мали количества на информација
  • Четвртата причина која е најверојатно само последица на претходните (или обратно) е промената на комуникацискиот систем. Како последица на заситеност од информации веќе станува тешко да се одвои релевантното од неважното и наместо повеќе информација најчесто се завршува со губење на значењето. Младите имаат претстава дека се информирани додека имаме исценирана информираност, исценирана комуникација. Оваа ги одвлекува младите да „губат“ време со „предолги“ тесктови кои можат да се најдат на блоговите.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

6 Comments Младите ги преферираат социјалните мрежи наспроти блогирањето

  1. Kuzmanov 15/03/2010 at 18:54

    За во другите земји незнам (освен дека во Хрватска е доста активно блогирањето) , но кај нас последниве години многу опадна блогирањето. Ниту јас не сум многу активен блогер, али редно ги следам останатите.

    Кај нас останаа тие постарите блогери(поквалитетните) кои се од (скоро) самиот почеток на Блогерајот и повеќето се со 20+ год. Повеќето од младите(и јас спаѓам во таа група) се одлучуват за започнување на свој портал или блогирањето го заменуват со facebook… слики, статии и сл. што наместо да ги објавуват на својот блог, тие преку статуси ги изјаснуваат нивните ставови. Друга причина е и интернетот на мобилните и се почестото нивно користење за менаџирање на своите профили на социјалните мрежи, и некако тука се запоставува блогирањето, бидејќи нормално доста комплицирано е да пишуваш блог пост преку мобилен.

    Уствари кај нас активни се младите блогери :)), ако може да ги наречам блогери тие што ќе те изспамираат со содржина “100% дојава“, “наместена утакмица…“ и сл. Или пак варез блоговите кои зимаат голем замав денес, исто како и блоговите за спортско обложување.

    Ќе пишам уште нешто, али заборавив што… :)) @woona збореше нешто на Алфа ТВ и ме деконцентрираше :))

  2. Mite Kuzevski 15/03/2010 at 19:57

    Во истражувањето сигурно не е опфатена Македонија :)). Убаво ги дијагностицираше скоро истите причини како во извештајот зошто опаднало блогирањето во Македонија особено кај младите.

    Се сложувам дека спортските блогови односно оние за спортско обложување се интересен феномен, но за жал не се обложувам и поради некако ми се надвор од видното поле. Но, не е лошо да споделиш некоја информација за тоа ако знаеш откако ќе го догледаш @woona na Алфа ТВ :)))

  3. Kuzmanov 15/03/2010 at 20:23

    И јас се држам подалеку од блоговите за спортско обложување, така да незнам што да пишам за нив (барем за сега). Но, ако идеш на bloger.hr нема шанси да ги заобиколиш таквите блогови…

    off: Еднаш месечно, максимум двапати може да ми се случи да пишам нешто во кладилница колку да не сум без ич :)) А @woona за брзо време помина, па ќе ми се праи експерт :Р :)) Експерт треба најмалце пола саат да збори :)) j/k

  4. Igor 18/03/2010 at 10:45

    Според мене ова е страшно лош тренд. Коментирањет се заменува со ритвит а блог излагањата со 140 карактери на твитер или статус(и) на ФБ. Со тоа и квалитетот на информации што е во оптек е далеку полош. Дискусии речиси и да нема.

    Во секој случај, верувам дека потребата од добри блог написи никогаш нема да исчезне и социјалните мрежи никогаш, во сегашната форма, нема да ја заменат потребата од блогерско изразување. Секогаш ќе има некој што ќе сака да каже нешто повеќе а што нема да го собере во твит.

  5. Deda 22/03/2010 at 22:07

    peti, sesti i ostali razlozi su:

    – mrzovolja

    -bez opterecenja u bilo kom smislu

    -dobijaju vecu paznju na drustvenim mrezama( desava se da blogove niko ne cita jer nisu interesantni)

    -nemaju nista smisleno da kazu na blogu u vise prosto prosirenih recenica

    -lakse im je da izaberu sliku i bez reci je postave na FB nego da napisu istinu o sebi na svom blogu

    -ne zele ramenu misljenja na svom blogu kroz prizmu komentara i dubokoumnih razmisljanja

    -lakse i lepse je lupetati na FB nego to isto raditi na svom blogu…

    I tako dalje … Razloga je bas puno. Jednom prilikom sam napisao post na tu temu kod mene na blogu u smislu manjeg broja komentara u zadnje vreme. Mnogi korisnici blogova opredelili su se da komentarisu na FB pre nego na blogu.

  6. melbourne airport tr 21/11/2012 at 06:02

    What looks like a dog, sounds like a dog, eats like a dog, but isn't a dog? A pup.

Comments are closed.