Информации : Знаење 3:0

Живееме во време на информации.

Што тоа практично значи?

Тоа, низ оваа интерпретација, значи дека на „150“ места може да прочитате, т.е. да се информирате, дека во вчерашната хаварија во Грдец, Албанија, имало 6 загинати и над 150 ранети, дека зоните на Тирана не биле загрозени, дека немало радиоактивни материи и слично, но нема да бидете информирани како точно се случило тоа, каква е улогата на странската професионална компанија во хаваријата, зошто депото било толку блиску до населено место и слично. Сето ова, не е случајно, и јасно е дека сите информации што се циркулираат околу еден настан се контролирани и наменски, па информирањето може да се дефинира не како слободно пренесување информации, туку како „контролиран наменски проток на податоци кон одредена целна група или други интересенти“.

Она што е исто така важно е дека преку системот за информирање никогаш нема да дојдете, не знам колку да акумулирате информации, до фазата на знаење која би подразбирала, што треба да направиш во ситуација да се најдеш на место погодено од хаварија, како да се заштитиш, како да укажеш помош, како да се заштитиш од радијација, или како да си сигурен дека не си изложен на зрачење и слично. Оваа второво е многу битно затоа што во суштина одредува дали ќе преживееш или не.
Со други зборови, денес сме преинформирани, но малку знаеме. Знаеме, се подобро да менаџираме информации, но не и да ги „оплодуваме“ така за да прераснуваат во знаење за нештата. Ова е еден од поистакнатите современи парадокси (повеќе информации, помалку знаење). Тоа е како да одиш во теретана и да пиеш протеини секој ден, а помалку си здрав.

пс: Ако е за утеха, снимките од местото на настанот, најбргу беа направени од очевидец, па со тоа 1:0 за граѓанското новинарство 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

7 Comments Информации : Знаење 3:0

  1. Anonymous 16/03/2008 at 21:08

    Не знам, можеби јас нешто грешавам, ама добивањето знаење е долгорочен процес. Треба да се оди на училиште, па може после и на факултет, постдипломски, …, па редовно да се следи дополнителна литература, евентуално да се посетуваат некои курсеви, цело време паралелно со ова практично да се работи и т.н.

    Колку што можам да се сетам, ова е прв пат некој знаењето да го поврзува со медиумите??

  2. sead93 16/03/2008 at 21:37

    Не е прв пат секако :), во класичниот концепт за социјална доблезност на медиумите суштински се трите столба: информирање, образование и забава. Тоа денес не функционира, и тоа ми е идејата. За долгорочноста си во право, и на тоа асоцирав со синтагмата „акумулација на информации“ но која сепак се разликува од учење/знаење. Значи само редовно информирање (акумулација на информации) не може да придонесе кон учење, затоа што самите информации секогаш се селектирани и го „саботираат“ учењето со самиот факт што не ја откриваат целината. Како и да е, фала за конструктивната критика.

  3. Anonymous 16/03/2008 at 21:54

    Познат ми е концептот на трите столба, и медиумите можат во одредена мерка да помогнат во стекнувањето на знаење, меѓутоа сепак кога критикуваш вака испаѓа дека медиумите се суштински во тој процес и дека фалинките што ние ги имаме во 0бразованието произлегуваат од медиумите.

    Ако веќе отвораме расправа на темава, тогаш единствен медиум што би можел да пренесува и знаење може да биде само јавниот сервис. Мислам дека на сите им е јасно дека комерцијалните медиуми не можат да се зафатат со вакво нешто.

    Фалинката кај нас е тоа јавниот сервис едноставно беше уништен, па остана „дупка“ што сега не може со нешто друго да се пополни.

  4. sead93 16/03/2008 at 22:56

    Да, јавниот сервис е клучниот проблем, образовната функција е најбитна таму, за тоа си во право. Но, изгледа ние овде уште долго време не ќе може да сметаме на него сериозно па некое алтернативно решение не би било лошо. Сепак комерцијалните медиуми немаат обврска да водат сметка за образование, сосема точно.

  5. Darko Buldioski 17/03/2008 at 00:33

    Заборавате дека советот за радио дифузија имаше конкурси на кои се доделуваа средства за изработка на разни медумски производи кои беа избирани од комисија според некои критериуми.

    дел од нив ја имаа и образовната компонента во себе, што претпоставувам не било случајно туку тоа и бил некој критериум во изборот.

    тие медиумски проекти се емитуваа и на приватни, локални и национални, медиуми. колку што знам, тие или беа изработени од истите или беа откупени, што значи дека има начини и и нтерес да се емитува образовна програма надвор од јавниот "сервисер".

    само некој треба да делува насочено. за жал тој фонд веќе не постои.

    но како и да е, за темата на сеад би рекол дека не мора да се оди дотаму да се извлекуваат поуки дека нема образовни елементи во известуавњата доволна е констатацијата дека навистина контролата на информациите е огромна баш во времето кога сите имаат пристап до неа и сите можат да ја "произведат" истата.

  6. sead93 17/03/2008 at 09:54

    Да, кога се гледа на микро ниво, апсолутно е така, но на макро план образовниот процес, она што ние мислиме да го знаеме за одредена тема, е сосема недоволно за да ги разбереме процесите. Малку е шкаклива темата и треба многу повеќе од еден скромен пост, но чисто како тема е добро да се фрли на маса, затоа фала за коментарите и дискусијата 🙂

Comments are closed.