Скриншот новинарство

Македонските медиуми повторно пред сите други во светот иновираат и ги збогатуваат формите на новинарско известување. Овој пат станува збор за една крајно брза форма на објавување која во чекор ги следи последните трендови на динамиката на комуникацијата на интернет, во живо.

Новиот стил се вика скриншот вест и се што ви треба е еден сегмент од вашиот прелистувач и наслов*. Иницијално оваа нова форма ја започна нашиот легендарен дневен весник: Вечер. Извини, ама немам храброст да прикажам слика од оваа вест, може да ме тужат за крадење на скриншотот.

*за полесно правење на скриншоти препорачуваме да користете некој од додатоците за вашиот омилен интернет прелистувач

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.