UPDATE: Видео, слики и презентацијата на Eniac – Комуникации.нет 5 години
Верувале или не, блогов овој месец полни 5 години. Токму поради тоа во следниве две недели ќе имаме краток серијал постови кои ќе се однесуваат на самиот блог. Ќе се обидеме да направиме некаков пресек и да задржиме некоја самокритичност. Забелешки примаме, а пофалби уште повеќе 🙂
Значи, ќе има неколку постови, едно видео и една прослава.
Постовите и видеото ќе ги читате, гледате тука, но на прославата ќе мора да учествувате. Оправдувања нема :).
Првиот пост на блогов според архивата е објавен на 20 март 2005. па затоа решивме да го поставиме месец март како месец кога ќе славиме 5 години. И токму на крајот на месецот ќе ги повикаме сите редовни и нередовни читатели, пријатели и непријатели на овој блог да дојдат на нашата скромна прослава.
Вторник. 30 март. Клуб на новинари. 19 часот.
Блогов од пред некој ден почна да заработува, но тоа е далеку од сериозна заработка, затоа ќе мора пијачките сами да си ги платите. Ние ќе частиме торта и ќе се погрижиме да не ви биде досадно. А за да не биде досадно ќе направиме промоција на еден нов сајт/сервис на кој работиме заедно со уште неколку дечки од мк твитер заедницата веќе неколку месеци. Исто така ќе донесеме и еден млад дечко кој секогаш кога зборува јавно го бранува регионов, а кога е зад тастатура руши некакви рекорди – Небојша Радовиќ – @Eniac.
Значи да резимирам.
- за маркетинг на социјалните медиуми ќе зборува Eniac
- ќе претставиме нов мк интернет сервис
- ќе добиете торта
- а најверојатно ќе поделиме и неколку маички (уште не сме ги направиле, не можам да ветам 100% 🙂
Затоа отворете календарите и запишете дека сте зафатени на 30 март, вторник. Се гледаме/читаме.
Најискрени честитки, иднината ќе покаже колку сте напред… Комуникации, не постајкуј 🙂
да Ви се множат годините и да имате најубава прослава. се надевам на децениската да се дружиме 🙂
Благодариме за честитките. дружби секако ќе има не мора да има и вакви јубилејни поводи 🙂
Pingback: Зошто блогерите се откажуваат од својот блог? | Kuzmanov.info
From: Ogrodzenia I am a long time back I read your blog and it has extended been stating that you’re an incredible author