Global Voices на македонски

Прв пат за Global Voices (GV) пишав во Април 2006, кога ми се допадна овој сервис бидејќи го навестуваше сегашното сплотување на новиве со старите медиуми, т.е. спојувањето на блоговите (и сл.) со мејнстрим медиумите. Едно време се обидував да ја збогатам листата на извори за Македонија која ја следеа уредниците на овој сервис, па дури и започнав инцијатива за создавање на блог на кој локалните блогери ќе објавуваат информации на англиски.

Global Voices (Глобални гласови) е непрофитен проект за граѓански медиуми на Центарот за интернет и општество – Беркман при Правниот факултет на Универзитетот Харвард, центар за истражување на влијанието на интернетот врз општеството.

MKspeaksEN не доживеа голема слава, а GV ја екстензираше соработката со својот партнер Reuters, и добив впечаток дека проектов доста успешно си ја сработил заднинската задача. Успеа да извади гласови од земјите каде медиумите се контролирани, успеа да ја претстави дел од работите кои се случуваат таму низ очите на другата страна, и нормално им ги даде тие информации на Reuters за да ги користат понатуму во медиумската машинерија.

Во време кога меѓународните медиуми на англиски јазик игнорираат многу нешта кои се важни за голем број од граѓаните на светот, Global Voices има цел да коригира некои од нерамномерностите кај вниманието на медиумите, влијаејќи на моќта на граѓанските медиуми. Користиме широк опсег на технологии – блогови, подкастови, фотографии, видео, викија, тагови, агрегатори и онлајн разговори – за да се привлече вниманието кон разговорите и точките на гледање што се надеваме ќе помогне да се открие една поинаква слика за природата на нашиот поврзан свет. …за GV

Во меѓувреме не го посетував овој сајт подолго време бидејќи имаше многу малку содржина за МК и за нашава околина. Но, добри вести доаѓаат. Како дел од проектот Lingua сега GV го има и на македонски, но исто така сега гелдам дека има и повеќе информации за мк и за регионов. Веројатно поради сите бранувања кои повторно го зафатоја регионов.

Проектот Lingua се обидува да го приближи Global Voices кој другите јазици, различни од англискиот, со помош на волонтери преведувачи. Со овој проект се отвораат можности за комуникација со блогерите и читателите на GV од не-англиско говорно подрачје, на тој начин што содржината на главниот GV сајт се преведува на други јазици.

Како и да е, браво за Елена и Кире кои се погрижиле за досегашните преводи. Јас од десно, повторно ќе го ставам логото на GV, ама сега со додавка „на македонски” и ќе го следам. Ќе им дадам втора шанса, шо се вика 😉

(Виа)

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.