
Поводот за повторно да гостува Наташа Петкова (@NatasaPetkova) беше претстојниот, прв, ecaHack Skopje 2013. Зборувавме за овој настан, но зборувавме и за неколку слични настани кои се организираа изминатава година-две. И секако зборувавме малку за состојбара или подобро речено фазата во која се наоѓа моментно локалната стартап сцена.
Колку добро звучи тоа, македонска стартап сцена. Имаме ли таква?
Неколку нафрлани коментари:
– Ако се преселил стартапот во Бугарија, штом основачите се Македонци, слободно можеме да кажеме дека е македонски, особено ако парите од неговата продажба ги донесат тука и/или следниот потфат го прават тука или со наш кадар/пари.
– Стартапи се сите што почнуваат. НО, најголемиот проблем е што сите влегуваат во услуги (за аутсорсинг). За разлика од производи, колку повеќе ќе продадеш од аутсорсираниот проект ти не добиваш ама баш ништо повеќе, туку колку што си ја договорил услугата на почеток.
– Фонд не постои. Ниту ПСМ не е фонд, туку е посредник. Немат кеш за да биде инвеститор.
– Пред 2-300 години Британија била најголем производител на волна. Првиот премиер што се преселил во Даунинг стрит донел забрана на извоз на сурова волна и огромни извозни царини. За 100 години стануваат најголема индустриска сила на светот заради тоа што го развиваат индустриското производство на текстил. Сега тоа е неможно да се примени во РМ, ама можно е субвенционирање (или некакво друго помагање) на извозот на софтверски ПРОДУКТИ за да прејдеме во понапредната фаза на ИТ индустријата.
– Штом нема кој да прифати процент во фирмата, тогаш и нема бизнис. Од една страна прават некакви проценки за голем успех на продуктот, а од друга страна самите не ја признаваат таа проценка со одбивањето да продадат дел од фирмата. Може ПСМ треба да ги симне сите Dragon’s Den, Shark Tank и сличните за да ги гледаат пред да аплицираат за да сфатат како тоа оди… Зашто ако некој даде милион евра, гарант ќе очекува 99% од фирмата 🙂
– Што се однесува до младоста на претприемачите – тоа е гоооолем проблем во РМ. Луѓе што не осетиле проблем со парите и немаат усти за хранење не можат да бидат поприземни во своите барања. Сѐ уште мислат дека сѐ што лета се јаде…
– Околку проблемот на кадарот. Субвенцијата на производните наспроти аутсорс фирмите може да го реши и тоа. Не мора да биде директна субвенција. Може да е субвенционирање на деловниот простор, давачките кон државата за вработување, итн…
– Зошто ПСМ не направи и продажен/организациски/менаџерски/сметководствен тим кај себе кој што може да се понуди или наметне на стартапите? Па и Ерик Јанг дојде во Гугл октроирано од инвеститорите – нема пари ако нема синиор менаџер.
Значи само напред, супер сте 🙂 Штета што сум кнап у последно време иначе ќе твитав лајв…
Kupe
P.S. Сефте на новиов сајт 😉
Од каде да почнам… за многу работи не морам да дадам одговор- само ќе кажам се согласувам 🙂
Dragon’s Den, Shark Tank – симнато, гледано и нешто следено во живо… за нас се тоа е во ред, пробуваме да следиме некои форми на такви примери и да иницираме наши, ама многу често кога ќе спомнеме на некој што ги знае добиваме класичен МК одговор: „е тоа е Запад, кај нас не е така… ако не ја чувам идејата под перница некој ќе ми ја украде. Во америка со самото тоа што ќе ја кажеш идејата пред медиуми ти е заштитена, кај нас ако го направиш тоа утредената отвараат 10 такви фирми“ 🙂
Имаме и продажен/ менаџерски/ организациски/ сметководствен тим ама повеќето сакаат само да добијат краток совет и да не им се мешаме премногу во работата. За сметководство посебно- да немаме премногу увид во нивното работење 🙂 Имаме експертски тим од ментори што работат со фирмите за ова, ама релано се малку искористени. Еве линкче да ги видиш луѓето http://www.yesincubator.org.mk/Services/Mentoring.aspx?r=6&l=63&c=22
Со се останато се сложувам 🙂 Ако имаш уште идеи/ коментари/ предлози слободно пиши ми… или бујрум на кафе во Инкубатор 🙂
Поздрав,
Наташа
Ме изненади бројноста и квалитетот на менторите само што нивото на претходните познавања на претприемачите бара и секојдневна поддршка и за најосновни работи. Прв пат го ѕирнав сајтот на Y Combinator и ми изгледа како добра основа за копирање. Туку таму никаде не пишува ограничување според возраст?
Идам обавезно, фала на поканата. 🙂