126 #ПрегледВоПеток – Што е NFT, како Spotify ги дели парите…

Минатата недела изумивме да потенцираме дека КОНЕЧНО ја оспособивме можноста да се претплатите на #ПрегледВоПеток и да го добивате на меил, секој петок, се разбира! Ако досега не примети, кога ќе се задржиш повеќе од 15 секунди на некој блог пост, долу десно ќе ти се појави можноста за која зборувам. Опцијата за добивање меил со објавите тука одамна беше достапна преку RSS feed-от на блогот, ама со тек на време и редизајните се тргна тоа на страна и сакавме да направиме некоја подобра верзија на ова. Сега користиме MailPoet и се надевам дека успешно ќе стигнуваме секој петок во твоето сандаче, не во спам! Готово, се претплати? Може да почнеме со прегледот сега така? Ајде!

WTF е NFT и зошто сите зборуваат за нив?

Освен ако не си во интернет изолација, веројатноста дека изминативе две недели не ти прелетал текст за NFTs е многу мала. Треската наречена крипто не запира. Одамна веќе знаеме дека е мејнстрим се што во себе има крипто, ако не сте доволно убедени еве вчера и VIsa најави влез во приказната. Е, се е тоа супер, ама сега има уште една „индустрија” која најде начин да ја искористи технологијата за да креира некаква (не)реална вредност. NFT е non-fugable token, и во обид да ја поедноставам дефиницијата ќе кажам дека всушност претавува парче дигитална содржина на кое има закачено уникатен крипто токен со што тоа парче содржина станува единствено, и многу вредно. Ваква вредност може да добие обичен видео клип, кој може да го гледате и без тоа на 100 други места, или 8-битен пикселизиран карактер.

Лудило е, ако мене ме прашувате… ако не ми верувате мене читајте:
Why People Are Paying Millions for Digital Art Anyone Can View for Free Online
NFTs, explained

Spotify, конечно, кажа како ги дели парите

После долгогодишните критики од страна на музичарите и сопствениците на музичките права, Spotify јасно и гласно, реши да го демистифицира овој дел од својот бизнис и да им појасни на своите креатори како ги распределува средствата кои ги заработуваат оние на чиј грб живее сервисот.

The newly launched site offers an overview of how Spotify’s pro-rata royalty payouts work, and also shares several bits of new data to help artists compare how they stand to others and benchmark where they are in Spotify’s ecosystem. It also gives viewers a breakdown video on Spotify royalty payouts, and a tool to test a number of track streams or monthly listens to see how an artist might perform among all the artists on Spotify.  – Spotify Has Heard Artists’ Complaints ‘Loud and Clear’ – Rolling Stone

Бонус е интересниот дизајн на самиот сајт 🙂

YouTube трендови за 2021

Да, да знам, не е период од годината кога се споделуваат листи и предвидувања, ама оваа не е таква, оваа ги прикажува актуелните, реални, достапни трендови на видеа на YouTube. Некои од нив навистина интересни, а ги немав приметено до сега.

Јас би ги издвоил:
Co-Watching Events, не можам само да замислам што се случува ако не ти касни стримот исто колку и нив таму… ама… еј, што е тука е. Сепак „упатените” не се преголеми оптимисти дека онлајн стримови на спорт ќе биде голем тренд оваа година.
V-Tubers, луди Јапонци. V е за виртуелни. Ова се видеа во кои место просечен јутјубер имате виртуелен анимиран лик кој си тера свој канал. Нормално, се што доаѓа од Јапонија треба време за остатокот од светот да го прифати, ама хеј… замисли што се може да прави виртуелен лик а не може реален?

Ова се моите фаворити, а сите 10 излистани трендови од страна на Envato разгледај ги тука: 10 Hottest YouTube Trends to Watch in 2021

Каталог на IKEA достапен како поткаст

IKEA вели дека го направиле нивниот каталог достапен во аудио формат за оние кои им е досадно по дома, па да има што да слушаат. Досадно по дома? Срам да ви е IKEA, па сите сме „заклучени” по дома… i see what you did there. Нормално дека звучи интересно. И сега ќе мора да го ставам на листа за слушање на Spotify, патем достапен е и на YouTube и AudioBooks.com, се разбира бесплатно.

Зошто сите имаат „сториња”?

Значи нема посмешен збор од сториња, stories де, вертикални кратки видеа, кои сега може да ги најдете секаде, ама баш секаде, дури и на Netflix.

Аман, зошто сите мора да се копираат меѓу себе? Instagram краде од Snapchat, Snapchat краде од TikTok, YouTube краде од TikTok, сите крадат од сите…. зошто? Паааа едноставно е, овие форми стануваат стандард, не е дека некој краде од некој друг, едноставно како што користиме маус на компјутер, или пинч за зум на телефон, ова се функции на системот – design patterns. Не можете да ги заштитите, не се предмет на патент и стануваат општо прифатени за сите. Толку од мене… на ред е да ја прочитате целата тема на Eric Ravenscraft: Why ‘Stories’ Became a Feature in Every App on Earth.

Бонус линкови

До следниот #ПрегледВоПеток 🙂

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.