Развигор ;-): „Пружете му задоволство на шефот!!!“ кон Гонце Јаковлевска, уредничка на Граѓански свет, во текстот „Пружете му задоволство на шефот!!!“ (бр. 79, 02.2008):
Деновиве, на телевизиските програми се појави нова реклама, за ново кафе. Претпоставувам веќе сте ја виделе. Секретарката се лизга по маса на стомак и се запира пред шефот со чаша од тоа, новото кафе во рака? Не знам какви чувства ви буди вам, ама јас по првото гледање морав да си ја потприберам вилицата од чудење, згрозување, неверување… како може некому да му падне нешто вакво на памет? Како можеше никому да не му падне на памет да реагира на рекламава?…Не е прв пат жените да ги прифаќаат наметнатите улоги и без размислување да ги толкуваат. Не само оваа „секретарка”, многу убавици биле и се користат за да се потенцира жената како објект.
пс: Како што и беше споменато на една од блогерските дебати, не треба човек да ги потценува „умовите“ кои стојат зад вакви „рекламни пошалици“. Освен подразбирливата енергична осуда, треба да се биде свесен дека оној кој го стокмил ова во реклама ја вградил стапицата за забележливост на истата, со т.н. афективна провокативност, т.е. ако испровоцира реакција тој ја исполнил своојата маркетиншка цел, се меморира производот (не мора да го именувате на памет, но кога ќе го видите на полица во маркет ќе препознаете, верувајте).