Македонците со исти навики за социјалните мрежи како останатите

Долго време се жалевме дека немаме доволно податоци врз оснава на кои ќе може да коментираме за навиките и употребите на интернет на локалните корисници. Па затоа често бевме приморани да користиме бројки кои доаѓаа од (најчесто) Америка или некој друг поразвиен пазар.

Минатата година во интервју со Маја Стојаноска го најавивме вклучувањето на Македонија во Wave – најголемото глобално истражување посветено на социјалните медиуми. Како резултат на тоа, минатата недела ни пристигнаа резултатите кои покрај сумарните бројки содржат и дел од статитиките за локланите корисници.

Wave 6 покажа дека испитаниците од Македонија во голем дел ги делат истите навики и размислувања за социјалните мрежи со интернет корисниците во светот.

Македонските испитаници на интернет најмногу менаџираат профили на некоја социјална мрежа: дури 87 % одговориле дека тоа го имаат направено во последните 6 месеца. Понатаму, 84% од нашите испитаници велат дека посетиле официјална веб страна на некоја компанија, додека 74% се приклучиле кон некоја онлајн заедница на одреден бренд.

Своето слободно време, македонските учесници во истражувањето, речиси подеднакво го поминуваат на социјалните мрежи и гледајќи телевизија.

И ние, како и остатокот од светот, сме загрижени за количеството лични информации кое се пласира на социјалните мрежи: 54% од испитаниците одговориле дека тој податок ги вознемирува. Но, сепак подготвени сме да ‘‘жртвуваме‘‘ дел од својата интима со цел да бидеме во тек со случувањата: 30% од испитаниците сметаат дека ќе пропуштат нешто доколку не го посетат својот профил на социјалните мрежи.

Еве само еден детал извештајот за глобалната употреба на интернет а целосниот извештај може да се симне како ПДФ на: Wave 6

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Македонците со исти навики за социјалните мрежи како останатите

Comments are closed.