76 #ПрегледВоПеток

Денес ми оставија мене да пишувам (дека сум паничарка!), па сите новости поврзани со корона да ги споделам…

 П.с. на блогов можеби сум прв пат ама влегувам инфлуенсерски искусно. 😊

Коронавирус – прва „инфодемиja” создаденa од социјалните медиуми

Понекогаш мислам дека не треба секој да е на социјални медиуми и тоа се потврдува во овие кризни ситуации. Што видовме и што слушнавме последниве две недели на интерентов… Би рекла дека преку социјалните медиуми се шират толку многу информации од кои голем дел се неточни и создаваат паника меѓу луѓето и недоверба во здравствениот систем.  

Мора да сфатиме дека социјалните медиуми се многу важни за време на оваа изолација, сега повеќе од кога било! Тие нè поврзуваат секојдневно со луѓето кои ни се блиски, ни овозможуваат координирање со колегите од работа, нè информираат, па дури и нè забавуваат! Затоа свесно треба да ги употребуваме!

По тој повод би сакала да ги споделам сајтовите на кои постојано им стискам рефреш и се релевантни и точни извори кои треба да се следат во оваа ситуација:

  1. http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/  
  2. https://vlada.mk/covid19
  3. https://covid19.mk/
  4. http://gdi.mk/corona

Infodemic – On February 2, the World Health Organization dubbed the new coronavirus “a massive ‘infodemic,’” referring to ”an overabundance of information—some accurate and some not—that makes it hard for people to find trustworthy sources and reliable guidance when they need it.

Netflix и YouTube го намалија квалитеот на видеата во Европа

Двете најголеми видео стриминг платформи го намалија квалитетот на видеата со цел да не дојде до паѓање на интеренот. Нивните изјави укажуваат дека соработуваат со државните органи и со интерент операторите но и покрај намалениот квалитет на стримање, нивната грижа за корисниците е на прво место.

Апелот на ЕУ е да се укине HD стримање на видеа со цел да се одржи квалитетот на интеренетот бидејќи во вакви ситуации на изолација има стотици милиони луѓе кои работат од дома, деца кои не се на училиште и затоа се плашат дека ќе има големи оптоваувања.

Во Кина, живот под радар

Последниве два месеци кинезите се навикнаа на нов начин на живот. Да не речам “живот под радар”. Секое нивно влегување во одредени објекти се следи со скенирање на QR код а по домовите и работните места патролираат служби кои мерат температура и го следат нивното движење преку GPS. Платформите како WeChat и Weibo имаат отворени линии за пријавување на болни па дури и наградуваат кога некој ќе пријави лице во кое се сомнева дека е заболено. Језиво, зар не? Но резултатите за намалување на заболени се видливи.

САД дискутира: Следење на паметните телефони за време на коронавирус

Владата на САД е во активни разговори со Facebook, Googlе и со други tech компании и здравствени експерти за тоа како можат да ги искористат податоците за локација што се собираат од телефоните на американците за борба против коронавирусот, вклучително и следење дали луѓето се придржуваат на превентивните мерки за растојание од 1,5m.

Прв успешен судски случај против употреба на „face recognition” во Франција

Во Франција се случи првото судење во врска со face recognition и прв успех против тоа. Воедно се надеваат дека ќе биде проследено со низа други успеси што водат до тотална забрана за истото. Во декември, 124 организации објавиле писмо во кои се бара забрана за какво било сегашно и идно користење на face recognition за безбедносни и надзорни цели. Што мислиш ти за ова? Дали си за или против face recognition?

Adobe доделува бесплатно користење на својот софтвер

Ајде малце позитивни вести… 😊

Покрај многу други платформи и алатки кои може да се користат бесплатно и да се научи нешто корисно додека сме во изолација, може и бесплатно да ги користите алатките на Adobe Creative Cloud и тоа 2 месеци. Adobe не ја објави оваа промоција никаде па затоа ќе треба да ги следите инструкциите на линков за тоа како да ги активирате истите.

Македонската е-трговија доживува револуција

Не знам дали требаше да се случи епидемијава за македонскиот народ да се научи како да пазари и раководи онлајн со одредени работи, како сметки, и да си ги олесни секојдневните обврски, но во едно сум сигурна, а тоа е дека македонската е-трговија конечно заживеа.

Сакам да споделам линк на кој можеш да најдеш голем дел од компаниите во Македонија кои се дел од Асоцијацијата за e-трговија, па voila…

Бонус COVID-19 линкови:

Останете дома, мијте раце и не претерувајте со интернет! Ако сакаш да ни пишеш или да нè прашаш нешто, тука сме.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.